Базен во приколка, готвење на сонце – како се справуваат Американците и Канаѓаните со топлотниот бран и рекордните температури?
- Детали
- среда, 30 јуни 2021
Канада и САД ги зафати топлотен бран со температури кои рушат рекорди, па деновиве онлајн се споделуваат многу фотографии кои покажуваат со што се соочуваат жителите и како се справуваат со пеколната горештина.
Канада ја погоди топлотен бран поради кој деновиве се измерени рекордни температури во државата. Наводно, во град во Британска Колумбија биле измерени 46,6 степени Целзиусови – температура која го срушила рекордот од пред 84 години. Според метеоролозите, сосема е возможно на некои места температурата да достигне и 47 степени Целзиусови.
Слична е ситуацијата и во САД, особено во областа околу Вашингтон и Орегон. Во Портланд, Орегон биле измерени рекордни 46 степени Целзиусови, а според тамошните експерти, овој топлотен бран е „историски“ и најверојатно ќе трае цела недела.
Екстремно високите температури се штетни по здравјето и изгледа има и неколку жртви во Канада, но тамошните и жителите на САД сепак се обидуваат да го извлечат најдоброто од ситуацијата.
Па така, деновиве на Твитер постојано се споделуваат фотографии, од кои повеќето смешни, кои одлично доловуваат со што всушност се соочуваат Канаѓаните и Американците и како се справуваат со топлотниот бран.