Супер-бабичка го слави роденденот како принцеза: „Ми требаа 90 години за да изгледам толку добро“
- Детали
- среда, 30 јуни 2021
Со розово здолниште за балерини, круна, трон, балони, торта и бисквити со нејзиниот лик, оваа бабичка го дочека својот 90-ти роденден. Сепак, нејзината насмевка на фотографиите е она што сите ги пленува.
Семејството на бабичката што меѓусебно си ја викаат Џи-Ма (G-Ma) решило да организира тематска забава за принцези по повод нејзиниот 90-ти роденден. Може да се види дека таа на себе носи и маичка на која пишува:
„Ми требаа 90 години за да изгледам толку добро!“
За целата идеја за несекојдневната забава и фотосесијата била заслужна нејзината внука Стефани Перкинс.
„Мојата баба е мошне важна за мене и за време на пандемијата и карантинот немавме можност да ја гледаме често. За нејзиниот 90-ти роденден сакавме да направиме нешто специјално за неа.
Видов луѓе на интернет како прават фотосесии за првиот роденден, дури и за 30-иот па си помислив зошто да не го направам тоа за нејзиниот 90-ти роденден и тоа со здолниште за балерини и круна? Таа беше многу среќна додека позираше. Се смееше додека позираше. Се забавувавме додека го славевме нејзиниот роденден“ – вели Стефани.
Честа да ја фотографира Џи-Ма ѝ припаднала на фотографката Мелиса Дени, која одела во средно училиште заедно со Стефани.
„Ова беше неверојатна можност да поминам време со една мошне мила, 90-годишна прекрасна жена, да создадам спомени и да се забавувам додека го славиме нејзиниот важен роденден“ – рече Мелиса.
На роденденската забава на Џи-Ма присуствувала и нејзината ќерка Дебра, зетот и двете внуки.
Во продолжение повеќе фотографии од роденденската забава:
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Melissa Danny Photography