Три сестри близначки се бремени истовремено: „Ни требаше време да ја убедиме третата“
- Детали
- среда, 30 јуни 2021
Велат дека сестрите близначки се мошне поврзани и многу блиски, a и дека некогаш се разбираат меѓу себе „телепатски“. Но, ова семејство со три сестри близначки ја има најневеројатната приказна - сите три се бремени во исто време.
Џина, Нина и Викторија Тран од Оринџ Каунти, Калифорнија треба наскоро да станат мајки. Во моментов трите сестри имаат 35 години, а биле родени со само неколку минути разлика.
Како што велат во интервју за CBS, прво Нина и Викторија останале бремени, а потоа ја убедувале и нивната сестра Џина да им се придружи.
„Штом дознавме дека Нина е бремена, почнавме да ја охрабруваме и Џина“ – вели Викторија.
Првично, Џина многу се двоумела затоа што веќе имала две деца, но по кратко време и таа имала среќни вести за споделување со нејзините сестри близначки.
„Јас всушност сум најстара со 4 минути и носам девојче, а ќе се вика Литон Грејс“ – рече таа.
Нина, што е „средната близначка“, очекува син и планира да го крсти Хендрикс Пол, а Викторија исто така ќе има син и ќе го крсти Зејден Сет.
Сестрите сега уживаат во заедничката бременост, а треба да станат мајки во јули, август и во ноември. Признаваат дека не излегуваат од дома додека не се облечат во иста облека (што често ја разменуваат меѓусебно).
Сестрите исто така планираат да се породат и во истата болница.
Погледнете го видеото од нивното гостување во емисијата:
Б. С. Б. | Црнобело