Махери за „направи сам“ проекти: Од запуштен бетонски двор направиле совршена летна тераса и заштедиле околу 1.200 евра

Од запуштен бетонски двор до прекрасна летна тераса. Оваа двојка успеала да си создаде вистинско катче за уживање и притоа да заштеди околу 1.200 евра.

Od-zapushten-betonski-dvor-napravile-sovrshena-letna-terasa-i-zashtedile-okolu-1200-evra-01.jpg

Лорен и Мајк од Кент (27) биле решени да го уредат просторот иако немале доволно финансии. Куќата ја купиле во 2019-тата година и целосно ја преуредиле, а сега конечно имале време да се посветат и на градината.

„Неколку месеци наназад не можевме да одлучиме што да направиме со толку чудно место и најдобра опција беше да ја ископаме бетонската основа. Решивме да ја замениме со дрвена тераса и тоа да ни биде основа за тоа како понатаму да ја уредиме“ – вели Лорен.

Od-zapushten-betonski-dvor-napravile-sovrshena-letna-terasa-i-zashtedile-okolu-1200-evra-02.jpg

Сепак, тие се одлучиле целиот проект да го направат сами и со минимални трошоци. Така наместо да купуваат готов материјал што чинел над 1.700 евра, се одлучиле да купат дрво од трговци за 1000 фунти и да ја започнат трансформацијата на градината.

Od-zapushten-betonski-dvor-napravile-sovrshena-letna-terasa-i-zashtedile-okolu-1200-evra-03.jpg

Мајк бил задолжен за копање на градината и за сечење на дрвата, а со оглед на тоа што проектот го започнале за време на карантин, единствените алати со коишто располагал биле рачна пила, скала и лопата.

Od-zapushten-betonski-dvor-napravile-sovrshena-letna-terasa-i-zashtedile-okolu-1200-evra-04.jpg

Тие потрошиле околу 100 евра на вештачка трева, додале ограда на двете страни од градината, а терасата ја направиле заедно со помош на пријател, поради што направиле огромни заштеди и ја завршиле во период од две до три недели.

Od-zapushten-betonski-dvor-napravile-sovrshena-letna-terasa-i-zashtedile-okolu-1200-evra-05.jpg

Мебелот на терасата го нашле на попуст, со што заштедиле дополнителни 100 евра.

Od-zapushten-betonski-dvor-napravile-sovrshena-letna-terasa-i-zashtedile-okolu-1200-evra-06.jpg

Сепак, најголемите заштеди ги направиле поради тоа што целата работа ја завршиле сами. Доколку барале некого да им ги исече дрвата, тоа би ги чинело многу повеќе.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
60-годишни жени од Шпанија мислеле дека се во врска со Бред Пит - Како измамници им зеле над 320.000... Ако Бред Пит ве убеди дека ве сака, ќе му дадете 150.000 евра за бизнис, нели!? ...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg