Најлошите соседи на светот? Им пречело дрвото на соседот, па го пресекле на половина

Соседите подолго време се расправале за дрвото што се наоѓало помеѓу две куќи во Шефилд, Англија. Така, едните соседи нашле решение – го пресекле дрвото на половина и ги отстранила гранките над нивниот двор. 

Im-prechelo-drvoto-na-sosedot-zatoa-shto-na-nego-se-sobirale-ptici-pa-go-presekle-na-polovina-01.jpg

На Греам и Ирене Ли (кои се во 70-тите години од животот) им пречело тоа што зимзеленото дрво на соседот делумно надвиснува над нивниот двор. Одлучиле проблемот да го решат така што ги отстраниле гранките што се наоѓале на нивната страна.

Соседот, Бхарт Мистри (56) вели дека парот претходно повикал тројца градинари бидејќи се жалеле дека на дрвото се собираат птици и им прават бучава и ѓубре и сакале да пронајдат решение.

im-prechelo-drvoto-na-sosedot-zatoa-shto-na-nego-se-sobirale-ptici-pa-go-presekle-na-polovina-02.jpg

„Дрвото се наоѓа таму 25 години и го обликувавме во форма на топка во договор со соседот и тоа не му пречеше. Но, неодамна почнаа да се собираат птици во дрвото, што е сосема очекувано во овој период од годината. Почна прво да става црни ќеси за ѓубре во дрвото за да ги избрка птиците. Минатиот петок рече дека ќе викне некого да го исече дрвото и го замоливме да не го прави тоа, но, ете, сепак го направи“ – вели Мистри.

Тој вели дека претходно немале никакви проблеми со соседите, но со почетокот на карантинот во март 2020-тата година почнале расправиите околу дрвото и сега повеќе не разговараат.

Im-prechelo-drvoto-na-sosedot-zatoa-shto-na-nego-se-sobirale-ptici-pa-go-presekle-na-polovina-03.jpg

Сепак, иако парот се надевал дека ќе се спаси од птиците, не очекувале дека нивниот дом ќе стане вистинска атракција и дека луѓето ќе одат до нивниот дом само за да го видат необичното дрво.

Im-prechelo-drvoto-na-sosedot-zatoa-shto-na-nego-se-sobirale-ptici-pa-go-presekle-na-polovina-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg