Прегратки, шегување: Фото-докази дека Вилијам и Кејт се поопуштени во јавност по скандалозното интервју на Хари и Меган
- Детали
- сабота, 19 јуни 2021
Вилијам и Кејт како да не се истите луѓе што ги гледавме до неодамна. Во последно време, сè почесто можеме да ги видиме насмеани, прегрнати, неформални, со спортски патики – очигледно нештата се менуваат во кралскиот живот.
Како иден престолонаследник на Обединетото Кралство, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт мора да се придржуваат кон поинакви правила кога станува збор за појавувањето во јавност, за разлика од принцот Хари и Меган Маркл. Но, по скандалозното интервју на Хари и Меган со Опра, нештата во голема мера се променија.
Очигледно, поради сè поголемата популарност што Хари и Меган ја стекнаа, Вилијам и Кејт мора да направат промени во јавниот имиџ за да пристапат кон поголем број луѓе во јавноста.
Ако претходно Вилијам и Кејт цела деценија се придржуваа до правилникот на Бакингамската палата, се чини дека во последниот период нештата се менуваат. Па така, наместо во вообичаеното формално, нив можеме да ги видиме во едно поопуштено, неформално издание.
Во минатото на фотографиите кралската двојка речиси никогаш не можевме да ја видиме како покажува и најмали знаци на блискост и интима, а нивните профили на социјалните мрежи содржеа само кратки видеа од говорите на принцот.
Таквото однесување беше во согласност со правилата на кралското семејство, но се чини дека интервјуто на Меган и Хари предизвика вистински „земјотрес“ и ја натера кралската двојка да направи промени во со векови утврдените кодекси на однесување.