Кралицата Елизабета сече торта со церемонијален меч + анегдоти кои ја покажуваат нејзината смисла за хумор

Оние кои ја познаваат кралицата Елизабета лично, велат дека таа има одлична смисла за хумор, а деновиве таа го докажа тоа, кога пресече торта со огромен церемонијален меч. Но, ова не е првпат кралицата да ја покаже нејзината забавна страна.

kralicata-elizabeta-na-shega-seche-torta-so-ceremonijalen-mech-anegdoti-koi-ja-pokazhuvaat-nejzinata-odlichna-smisla-za-humor-01.jpg

Елизабета, заедно со Кејт Мидлтон и Камила, присуствуваше на настан каде што ги сретна волонтерите кои ќе ја организираат свеченоста за 70-тата годишнина од нејзиното владеење.

kralicata-elizabeta-na-shega-seche-torta-so-ceremonijalen-mech-anegdoti-koi-ja-pokazhuvaat-nejzinata-odlichna-smisla-za-humor-02.jpg

За време на настанот кралицата требаше да исече торта, а реши да го направи тоа со огромен церемонијален меч. Според People, присутните ѝ кажале дека има обичен нож со којшто може да ја исече тортата, на што кралицата одговорила:

„Знам дека има. Но ова е многу понеобично“.

kralicata-elizabeta-na-shega-seche-torta-so-ceremonijalen-mech-anegdoti-koi-ja-pokazhuvaat-nejzinata-odlichna-smisla-za-humor-04.jpg

kralicata-elizabeta-na-shega-seche-torta-so-ceremonijalen-mech-anegdoti-koi-ja-pokazhuvaat-nejzinata-odlichna-smisla-za-humor-03.jpg

Кралицата ја покажа нејзината забавна страна и на самитот Г-7, додека позираше за фотографија со светските лидери, а Guardian објави и видео од моментот.

На видеото, најпрво се гледа како лидерите и кралицата се местат за фотографијата, а во еден миг Елизабета вели:

„Треба ли да изгледаме како да уживаме?“, по што сите почнуваат да се смеат.

На прашањето ѝ одговара британскиот премиер Борис Џонсон:

„Да дефинитивно“.

Ова не е првпат Елизабета јавно да ја покаже смислата за хумор. Според Los Angeles Times, во 1991 Елизабета држела говор кој поминал одлично.

Но, кога претходниот ден држела говор на истото место, подиумот на којшто стоела не бил приспособен на нејзината висина, па присутните можеле да го видат само нејзиниот шешир.

Следниот ден, кралицата го почнала говорот со:

„Се надевам дека денес можете да ме видите…“

kralicata-elizabeta-na-shega-seche-torta-so-ceremonijalen-mech-anegdoti-koi-ja-pokazhuvaat-nejzinata-odlichna-smisla-za-humor-05.jpg

Во 2007-ма, пак, тогашниот американски претседател Џорџ Буш одржал говор во кој зборувал за настан од 1976 на којшто присуствувала и кралицата. Но, во говорот ја погрешил годината и кажал 1776-та.

Следниот ден кралицата држела говор и на шега изјавила:

„Се прашувам дали да почнам со ’Кога бев овде во 1776-та…'“

kralicata-elizabeta-na-shega-seche-torta-so-ceremonijalen-mech-anegdoti-koi-ja-pokazhuvaat-nejzinata-odlichna-smisla-za-humor-06.jpg

Елизабета се има шегувано и за нејзините препознатливи костуми со живи бои, а наводно избегнувала облека со неутрална боја. Според кралскиот биограф Роберт Хардман, кралицата рекла:

„Не можам да носам беж боја. Никој нема да знае која сум“.

На оваа тема, кралицата додала и:

„Луѓето треба да ме видат за да поверуваат дека постојам“.

kralicata-elizabeta-na-shega-seche-torta-so-ceremonijalen-mech-anegdoti-koi-ja-pokazhuvaat-nejzinata-odlichna-smisla-za-humor-07.jpg

Елизабета се има пошегувано и за нејзината чанта, која ја носи секаде со себе. Според една од книгите на кралската авторка Карен Долби, Елизабета имала гости во палатата, кога ја прашале зошто постојано ја носи нејзината чанта дури и во палатата. Кралицата одговорила:

„Знаете, оваа куќа е многу голема“.

kralicata-elizabeta-na-shega-seche-torta-so-ceremonijalen-mech-anegdoti-koi-ja-pokazhuvaat-nejzinata-odlichna-smisla-za-humor-08.jpg

Во 2014-та се појави смешна фотографија од хокеј играчки од Австралија. Фотографијата е селфи, но во заднина можете да забележите како Елизабета ѕирка зад оградата со широка насмевка. Девојките ја споделија фотографијата на Твитер со опис:

„Ах, кралицата ни направи ’фото-бомба‘ на селфито!“

Наводно, нивната објава била споделена и од Твитер профилот на кралското семејство.

kralicata-elizabeta-na-shega-seche-torta-so-ceremonijalen-mech-anegdoti-koi-ja-pokazhuvaat-nejzinata-odlichna-smisla-za-humor-09.jpg

И за крај, можеби најдобрата фотографија од Елизабета и нејзиниот сопруг Филип. Фотката е направена во 2005 година во Бакингемската палата, а на неа се забележува дека Елизабета не може да се воздржи од смеење додека го гледа сопругот со кралската униформа со препознатливата голема капа.

kralicata-elizabeta-na-shega-seche-torta-so-ceremonijalen-mech-anegdoti-koi-ja-pokazhuvaat-nejzinata-odlichna-smisla-za-humor-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg