Џо Бајден во одело и спортски патики, Џил ги соблече штиклите за на плажа – ретко ги гледаме во неформално издание (фото)
- Детали
- петок, 11 јуни 2021
Политичарите вообичаено ги гледаме во формално издание, со затворени чевли и формален стил на облекување. Затоа чудно изгледаат фотографиите и видеата на кои претседателот на САД и неговата сопруга можеме да ги видиме во неформално и опуштено издание – со спортски патики и боси на плажа.
Претседателот на САД, Џо Бајден беше снимен како во патики ужива на терасата во хотелот каде се одржува самитот Г-7, придружуван од сопругата.
https://twitter.com/BBCJonSopel/status/1403060536594485248?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1403060536594485248%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnypost.com%2F2021%2F06%2F10%2Fbidens-put-on-sneakers-for-drink-on-hotel-patio-after-boris-johnson-meeting%2F
Претходно, првата дама на САД, Џил Бајден беше фотографирана боса на плажа заедно со Кери, сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон.
Дамите беа заедно со 1-годишниот син на Кери и Борис, Вилфред, а очигледно биле подготвени за ваквата игра затоа што во непосредна близина можеме да видиме дека ги оставиле и апостолките.
Претходно дамите беа фотографирани во истите аутфити со штикли на плажата во Корнвел каде ги придружуваа нивните сопрузи на прошетка пред самитот Г-7. Двајцата политичари ги држеа своите поубави половини за рака.
Претседателот на САД даде интересна изјава за медиумите и посочи:
„Му реков на премиерот дека имаме нешто заедничко. И двајцата се оженивме за жени што се од повисока класа од нас“ – рече Бајден, а Борис беше согласен со таквата изјава.
Инаку, британскиот премиер се ожени со сопругата Кери неодамна, во неформална и затворена церемонија. Интересно е што и за време на венчавката Кери беше боса и во венчаница во бохо стил.
Во продолжение повеќе фотографии од Џо и Џил Бајден во неформално издание:
Б. С. Б. | Црнобело