„Ова е понижување“: Меган и Хари без дозвола ја крстиле ќерката како кралицата + дали ќе ја запознаат Лилибет со семејството?

Името на ќерката на Хари и Меган – Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор – е одбрано во чест на кралицата Елизабета и принцезата Дијана и иако беше споделено дека тие побарале дозвола од кралицата, ова било лага и таа била непријатно изненадена. Други извори, пак, велат дека кралицата е пресреќна, па дури и дека веќе ја запознала нејзината пра-внука онлајн.

ova-e-ponizhuvanje-megan-i-hari-bez-dozvola-ja-krstile-kjerkata-kako-kralicata-dali-kje-ja-zapoznaat-lilibet-so-semejstvoto-01 (2).jpg

Извори блиски до Меган и Хари споделија дека парот побарал дозвола од кралицата за да го корист името Лилибет – нејзиниот прекар од детството. Но, извори блиски до кралицата го негираат оваа.

Наводно, Меган и Хари воопшто не спомнале дека планираат да го искористат името Лилибет. Според изворите, кралското семејство не ни знаело дека Меган и Хари добиле дете сè додека веста не беше споделена на нивниот веб-сајт.

„Можеби Хари зборувал за можните имиња, но дефинитивно ѝ нема кажано на кралицата дека ќе ја крсти ќерката Лилибет“, вели еден од изворите за Good Morning Britain.

Според кралскиот автор Фил Дампиер, Лилибет е многу лично име за кралицата, па Меган и Хари дефинитивно требало да се консултираат со неа за ова.

ova-e-ponizhuvanje-megan-i-hari-bez-dozvola-ja-krstile-kjerkata-kako-kralicata-dali-kje-ja-zapoznaat-lilibet-so-semejstvoto-06.jpg

Кралицата го добила прекарот Лилибет од нејзиниот дедо, кралот Џорџ, кој се шегувал бидејќи таа не можела да го изговори името Елизабета додека била мала.

Подоцна и нејзиниот сопруг, принцот Филип, почнал да го користи ова име за кралицата. Всушност, многу мал број луѓе од блиското семејство на кралицата имаат дозвола да ја нарекуваат Лилибет.

„Тоа е посебно име за кралицата и сметам дека ова е понижување. Навистина верувам во тоа. Сметам дека кралицата не е среќна поради ова бидејќи тие се однесуваа многу лошо кон неа. Ова не е добра идеја. Ова е многу неучтиво кон нејзиното височество“, вели изворот близок до кралицата.

ova-e-ponizhuvanje-megan-i-hari-bez-dozvola-ja-krstile-kjerkata-kako-kralicata-dali-kje-ja-zapoznaat-lilibet-so-semejstvoto-02.jpg

Сепак, и покрај сите скандали со Меган и Хари, некои извори тврдат дека тие се во добар однос со кралицата. Некои извори дури тврдат дека тие веќе ја запознале Лилибет со кралицата преку видео повик:

„Беа многу возбудени и едвај чекаа да ѝ кажат на кралицата дека добија дете“, тврди извор за Daily Mail.

Прочитајте повеќе: Кралското семејство со формални честитки за Меган и Хари + фотки од членовите на кралското семејство како бебиња

Наводно, Меган и Хари ја побарале кралицата веднаш штом се вратиле од болница, за да ѝ ги соопштат убавите вест и веднаш да ја запознаат со нејзината пра-внука.

Истовремено, изворите тврдат дека кралицата го поканила Хари на вечера во замокот Виндзор, по церемонијата за откривање на нова статуа на Дијана која треба да се случи следниот месец.

ova-e-ponizhuvanje-megan-i-hari-bez-dozvola-ja-krstile-kjerkata-kako-kralicata-dali-kje-ja-zapoznaat-lilibet-so-semejstvoto-05.jpg

Иако повеќето ги критикуваат Меган и Хари за користењето на името на кралицата без дозвола, некои кралски експерти сметаат дека ова е прекрасен гест и можеби ќе ја смири ситуацијата помеѓу младиот пар и кралското семејство.

„Можеби Хари не побара дозвола, но тоа беше убаво изненадување. Можеби ова име ќе има закрепнувачки моќи. Ова е тежок период, кога на виделина се појавија многу работи и кралското семејство беше обележано како расистичко. Па, сметам дека изборот на името е добар гест во оваа ситуација“, вели извор за Daily Mail.

ova-e-ponizhuvanje-megan-i-hari-bez-dozvola-ja-krstile-kjerkata-kako-kralicata-dali-kje-ja-zapoznaat-lilibet-so-semejstvoto-03.jpg

Некои извори, пак, велат дека Хари сакал да го искористи името Лилибет ако има ќерка, и тоа уште пред да ја запознае Меган. Наводно, тој уште тогаш зборувал со кралицата за ова, а таа била воодушевена од идејата.

Дури и ако ова е вистина, тогаш ситуацијата била многу поразлична, па кралските експерти се убедени дека Меган и Хари сепак морале да побараат дозвола.

ova-e-ponizhuvanje-megan-i-hari-bez-dozvola-ja-krstile-kjerkata-kako-kralicata-dali-kje-ja-zapoznaat-lilibet-so-semejstvoto-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg