Девојка собира донации за да ги намали градите: „Штом некој ќе види големи гради очекува или да се продаваш или да праќаш слики“
- Детали
- среда, 09 јуни 2021
Додека некои жени би направиле сè за да ги зголемат градите, оваа млада девојка 10 години се бори да најде начин да направи операција за намалување. Физичка болка, емотивни трауми, страв од несакано внимание од странци – тоа е само дел од она со што сè се соочила низ годините.
Фиби Роџерс од Спалдинг, вели дека голем број од нејзините пријателки се љубоморни на нејзините големи гради, а не знаат со кои проблеми се соочува таа: болки во грбот, болка во рамењата, болка во градниот кош, како и нафрлање и рани под градите што често крвават.
Таа признава дека редовно ги уредува своите фотографии на социјалните мрежи за да не се познава дека има толку големи гради.
Оваа девојка носи градник со големина од (во Обединетото Кралство 34 HH), а кај нас 75 М. Во основа тоа значи дека обемот под градите е 75 cm, но бројот на корпата е невообичаено голем, стандардно големината оди од А до D, а помеѓу D и M има уште 7 броеви (E, F, G, H, J, K, L).
Освен со физичката болка таа исто така морала да се справува и со врсничко насилство. Нејзините врсници често ја задевале и ја нарекувале Double D Phoebe (Фиби дупло Д).
„Во училиште јас бев првото девојче што носеше градник и мошне ми се забележуваше уште рано дека се развивам побрзо. Кога почнав во средно училиште нештата станаа уште полоши, носев дупло Д (кај нас Е). Се чувствував како да се издвојувам од другите уште повеќе. Мислам дека во тој период станав многу понесигурна заради градите. Често бев жртва на врсничко насилство и ме обвинуваа дека го полнам градникот, беше ужасно“ – вели таа.
Како што посочува, средбата со еден непристоен странец во целост ја натерала на 16 години да почне да бара решение.
Како што вели, додека шетале со нејзиното момче еден непознат странец му рекол на дечко ѝ:
„Леле, мора да си среќен, види колкави ѝ се градите! “
Вели дека тоа бил средовечен човек, без коса и неуреден. По ваквиот коментар, веднаш штом влегла во автомобилот таа почнала да плаче. Не сакала животот да го помине добивајќи постојано такви коментари.
Таа вели дека, поради големите гради често е жртва на несакано внимание, па така ѝ се случува мажи во повеќе наврати да ја допираат за градите, и вели дека тоа негативно се одразува на нејзиното ментално здравје.
„Во клубовите, момчињата ќе дојдат ќе ме допираат за гради и даваат коментари. Тоа ме прави да се чувствувам безвредно. Навистина се плашев затоа што не знаев кој ќе дојде да ме допира и што ќе направи. Дојде момент кога ја загубив целата самодоверба. Се чувствував како објект и бев навистина депримирана“ – вели таа.
За да се реши со проблемите таа побарала да ѝ биде направена операција за намалување на градите, но лекарите ѝ препорачале да ослаби. Па така со помош на посебен здравствен и фитнес план успеала да загуби 20 килограми. Го намалила бројот на облеката од 44 на 40, но пак не е задоволна затоа што смета дека по слабеењето ѝ останала истегната кожа.
„Ослабев но сега имам истегната кожа, поради што навистина се срамам. Сега затоа што се испуштени градите често имам рани под нив што крвават и може многу да болат. Не се сеќавам кога беше последниот пат кога се погледнав во огледало и ми се допаѓаше тоа што го видов.
Мислам дека кога бев подебела имав повеќе самодоверба затоа што сè изгледаше пропорционално, но сега кога сум помала, тие изгледаат уште полошо и невистина ме фрустрира. Иако, сега носам број 40, пак треба да купувам облека со број 46, затоа што градите не ми ги собира во ништо“ – вели таа.
Таа побарала да ѝ биде направена операција во Обединетото Кралство, но здравственото осигурување не ѝ ги покрива трошоците, затоа што нејзиното намалување се смета за естетски третман.
Сепак, таа е решена до го живее животот најдобро што може и да не се крие постојано од коментарите на луѓето, па затоа решила операцијата да ја направи приватно во странство. Сепак тоа чини околу 7.000 британски фунти или околу 8.200 евра.
Сега се обидува да собере донации за операцијата и има своја Go Fund me страница. Но, вели дека тоа ѝ донело нови проблеми. Откако почнала да собира донации се соочува со голем број непристојни коментари и барања од мажи. Некои од нив отворено ѝ нудат да ѝ донираат пари, доколку таа им испрати разголени фотографии.
„Голем број луѓе велат дека сум „благословена“ со моите големи гради, особено голем број од моите пријателки што имаат помали гради. Тие секогаш велат ’Боже, посакувам да ги имав твоите гради, посакувам моето деколте да изгледаше така‘. На мојот профил на апликацијата за состаноци ја имам споделено и мојата Инстаграм страница па така мажите дознаваат дека сакам да ги намалам градите“ – вели таа.
Додава дека секогаш е расположена да разговара за тоа со нив затоа што сака да ја сподели сопствената приказна и луѓето да сфатат дека не е секогаш убаво да имаш големи гради. Но, како што вели, од машка перспектива, воопшто не се важни предностите и недостатоците, тие само сакаат гради.
„Добивам секојдневни пораки од мажи што ми велат ’градите ти се неверојатни‘ и навистина ме фрустрира, затоа што јас сум многу повеќе од тоа“-вели таа.
„Најлошо е кога ќе добиеш пораки од луѓето што велат: ’Ќе донирам на твојата Go Fund Me страна‘ ако ми пратиш слика од градите. Имаше еден што ми пиша дека ќе донирал 1.000 фунти ако му пратам фотографија од ’пред‘ и ’потоа‘, но најчесто велат ’ако пратиш слика ќе донирам‘.
Често добивам предлог да отворам ограничена сметка на Only Fans, и тоа е ужасно. Штом некој ќе види големи гради тоа е она што го очекуваат – или да ги продаваш или да праќаш слики. Во тие мигови си мислам дека ги мразам и зошто би сакала да ги охрабрувам луѓето да ме гледаат во нив, навистина е понижувачко“ – вели таа.
Според неа луѓето треба да заборават на идејата дека големите гради се нешто најдобро на светот и очекува дека оваа операција ќе ѝ го промени животот.
Б. С. Б. | Црнобело