Алис е 19 години постара од нејзиното момче: „Луѓето мислат дека ми е син, а тој кога сака да ги шокира ме вика ’мамо‘ во јавност“
- Детали
- недела, 06 јуни 2021
Таа има 50 години, а тој 31. Сепак и покрај огромната генерациска разлика велат дека се лудо вљубени еден во друг. Алис вели дека пријателките често го нарекуваат нејзиното момче „играчка“, а непознатите мислат дека ѝ е син.
Алис Лорд (50) и Бен Шарп (31) не се грижат премногу за коментарите на другите и велат дека годините се само бројка. Тие се запознале во 2019-тата година во паб, а Бен ја шармирал така што ја прашал дали има 22 години.
„Јас и пријателката најдовме маса и забележав едно младо момче во близина. Мислев дека е убав но ми изгледаше како да има само 25 години. Така веднаш се откажав затоа што мислев дека е премногу млад за мене. Излезе дека ја знае пријателката и дојде. Мојата пријателка веднаш му рече да погоди колку години имам“ – вели таа.
Додава дека ѝ било мило што тој сметал дека таа изгледала младо, сепак била разочарана затоа што тој бил премногу млад за неа.
„Бен ме праша дали имам 22 години и јас се насмеав и му реков дека е шармер. Потоа му признав дека има 48 години. Тој изгледаше изненадено и ми рече дека има 29 години“ – вели таа.
Сепак, и покрај големата генерациска разлика Алис и Бен продолжиле да разговараат цела ноќ. Наскоро, пријателката си заминала, а Алис и Бен се запознале подобро.
„Му кажав дека сум разведена цели 14 години и дека имам 20 годишна ќерка што боледува од Аспержер. Му раскажував како до неодамна ја образував дома (ќерка ми) и колку ми беше тешко да запознаам некого. Бев изненадена затоа што тој ме ислуша. Таа вечер ме бакна и ме испрати до дома“ – раскажува Алис.
Како што вели, таа вечер размениле телефонски броеви и таа воопшто не очекувала дека повторно ќе се видат, но неколку денови подоцна тој ја побарал на телефон и ја поканил да излезат. Следната недела се излегле заедно на пијачка.
„Бен рече дека не му е грижа за тоа што сум постара и дека му се допаѓам. Навистина бев изненадена“ – вели таа.
Веднаш по ова тие почнале редовно да се гледаат, а неколку недели подоцна веста ѝ ја соопштиле и на ќерката на Алис, Џесмин.
„Со оглед на тоа што Џесмин беше само 9 години помлада од Бен бев многу нервозна. Но, таа се насмеа и рече дека е мошне среќна поради мене. Ми олесна. Набргу потоа ја зедов со мене во кафуле да се запознаат и веднаш почнаа да се сложуваат. Потоа, Бен кај мене разбуди една авантуристичка страна, што ја немав почувствувано со години“ – вели Алис.
Посочува дека пријателките се шегуваат со неа дека Бен ѝ е „играчка“, а други ѝ се смееле во лице и ѝ велеле: ’Уживај додека трае‘, што мошне ја вознемирувало. Што се однесува до родителите на Бен, таа вели дека татко му отворено го прашал дали се срами што го гледаат со неа.
„Подоцна Бен нè запозна и тој веднаш ме прифати“ – вели таа.
Бен живее заедно со Алис и Џасмин од октомври, 2020-тата година, но таа посочува дека нивната генерациска разлика не поминува незабележана кај другите.
„Еден ден Бен и јас се гушкавме пред еден паб, кога група девојки застанаа да зјапаат. Тие очигледно мислеа дека сум му мајка на Бен. Тој сфати и ме бакна. Потоа се пошегува: ’Затоа тато не ти дава да пиеш‘. Девојките останаа вџашени и поцрвенеа, ама Бен се смееше. Потоа Бен многу сакаше да ги збуни непознатите така што ми викаше: ’Мамо‘. Мислам дека на тој начин тој се справуваше со ситуацијата. Понекогаш се срамев, но потоа ќе сфатев дека барем може да се насмееме“ – вели Алис.
Како што вели, ова се повторувало во повеќе наврати сè до божикната забава во нејзината компанија кога една жена пак прашала дали му е мајка.
„Гордо го фатив за рака и реков: ’Не ми е син, тој ми е момче.‘ Сега не се грижам што мислат другите“ – заклучува таа.
За крај потенцира дека воопшто не им е грижа за генерациската разлика, дека тие се сакаат и на крајот на краиштата тоа е најважно. Мислењето на другите воопшто не им е битно.
Б. С. Б. | Црнобело