Невеста починала од срцев удар, па младоженецот се оженил со сестра ѝ за да не пропадне свадбата
- Детали
- четврток, 03 јуни 2021
Бизарна ситуација од Индија ги обиколи светските медиуми... Свадбата со измешани емоции на болка и среќа. Како некој се сетил на оваа бизарна идеја?
Невеста во Индија починала на сопствената свадба од срцев удар, но наместо да се прекине свадбената церемонија по оваа трагична случка, било одлучено дека младоженецот Мањеш Кумар ќе се ожени со нејзината помлада сестра за да не пропадне церемонијата во градот Еtawah.
На хинду свадбата само кратко по смртта на сестра ѝ, младата девојка го земала нејзиниот прстен.
Братот на младоженецот изјавил: „Не знаевме што да правиме во таа ситуација. Двете семејства седнаа и предложија дека помладата сестра Ниша треба да се омажи за младоженецот. Сите се согласија со овој предлог.“
Телото на невестата било чувано во посебна соба додека се одвивала прославата. По прославата, таа била кремирана.
Еден од роднините на невестата вели: „Тоа беше тешка одлука, додека едната ќерка лежи мртва, другата има свадба. Никогаш не сме посведочиле на вака измешани емоции. Беа испреплетени тагата од смртта и радоста од венчавањето.“
С. С. | Црнобело