Вирално ТикТок видео: Ја фатил девојката како го изневерува со скриена камера во полнач за телефон
- Детали
- четврток, 03 јуни 2021
Заборавете на следење преку локациите на телефонот или класично следење на тоа каде оди девојката... Ова момче нашло мошне едноставен начин како да докаже дека неговата партнерка го изневерува.
Дечкото подолго време се сомневал дека девојката го изневерува, па нашол начин како да ги потврди сопствените сомнежи. Kупил приклучок за УСБ полнач со скриена камера, а снимката што ја снимил ја објави и на социјалните мрежи.
Овој непознат маж ги објави видеата на неговиот ТикТок профил mrsurveillance во кои открива дека било мошне лесно да ја најде потребната „опрема“ на интернет.
Приклучокот со камерата имал и УСБ стик и мемориска картичка, на која што тој можел да ја зачува снимката. Како што вели во видеото додека ја поставува камерата, таа воопшто нема да се посомнева дека во приклучокот се крие камера.
Како што вели, тој и неговата девојка биле заедно 6 години, се сомневал дека го изневерува, но немал доказ. Па затоа се послужил со скриената камера што ја поставил во штекер во кујната, а потоа излегол и во автомобилот, во непосредна близина на неговиот дом следел што ќе се случи на неговиот мобилен телефон.
По некое време ја гледаме девојката како доаѓа дома со друг маж и го бакнува.
Веднаш по ова, тој ѝ го испратил видеото на девојката и ѝ напишал:
„Готово е. Спакувај си ги работите веднаш. Се надевам дека си среќна.“
За крај видеото го завршува со реченицата: „Целосно загубени 6+ години во мојот живот.“
Видеото досега е прегледано над 5 милиони пати и собрало над 520.000 лајкови.
@mrsurveillance Rule #1: If your girl's name is Ashley.. run. Link in bio if you want to catch a cheater. #cheater #toxic #cheatersgettingcaught
♬ original sound - Mr. Surveillance
Б. С. Б. | Црнобело