Биле во врска во детството, по 22 години разделеност, стапуваат во брак во 40-тите (фото)
- Детали
- четврток, 27 мај 2021
42-годишен маж се оженил за љубовта од детството - ја запросил со свршеничкиот прстен кој ѝ го дал кога биле во врска на 15 години. Сцена од реалноста како од „Notebook“.
Дека животот пишува романи е повеќе од јасно. Оваа романтична приказна е уште еден доказ за тоа.
Хелен Маршал (41) од Англија и Грeам Ричардсон (42) се запознале на училиште и си се допаѓале еден на друг кога се среќавале по ходниците, пред лудо да се вљубат во тинејџерските денови.
По 9 месеци романтични прошетки, школски игранки и седење на клупи, младиот Ричардсон клекнал на едно колено и ја запросил Хелен.
Нивните родители биле загрижени дека се премлади, па по некое време, една година постарата Хелен заминала на колеџ и парот се разделил.
Двајцата имале долги врски и деца и се сретнале повторно дури кога нивните деца почнале да одат во истото училиште.
Кога двајцата се разделиле од нивните партнери, Хелен му се јавила на своето прво момче во животот и се вљубиле одново, повеќе од 20 години подоцна.
Таа открила дека тој тажел по неа со години по разделбата.
Парот се венчал во април годинава, откако Ричардсон клекнал на едно колено и повторно ја запросил со истиот прстен од младоста.
„Многу сме задоволни сега. Живееме на семејната фарма на која тој живееше додека растевме. Ние сме си другата половина еден на друг. Покрај него чувствувам како да сум дома. Целосна сум. Тој е мојата сродна душа и јас неговата. Ова е среќна љубовна приказна“, вели Хелен.
Ричардсон ја надополнува: „Хелен е мојата втора половина. Моите пријатели велат дека никогаш не ме виделе посреќен. Сите мислеа дека е само минлива љубов, но не е така. Сега сме во брак и сета болка и огроченост исчезнаа.“
Двајцата велат дека чувствуваат дека ова е вистински среќен крај.
Инаку, Хелен била во брак 16 години и има 4 деца, а Ричардсон бил во врска 17 години и има 2 деца.
С. С. | Црнобело