Вирален хит: Лошо фотошопирани фотографии од ученички во алманах без нивна дозвола – не биле соодветно облечени
- Детали
- вторник, 25 мај 2021
Средно училиште во Флорида, САД се соочува со гневот на родителите откако претходно, без прашање за одобрување и без согласност од родителите управата одлучила да ги фотошопира фотографиите на околу 60 девојчиња, поради тоа што ученичките не се придржувале до кодот за облекување.
Лошо обработените фотографии од Алманахот на Bartram Trail High School предизвикаа бурна реакција кај родителите и се топ тема на социјалните мрежи, но и во медиумите.
На Твитер се појавија и други фотографии од Алманахот во кои може да се забележи двојниот стандард на училиштето кога станува збор за кодексот на облекување.
https://twitter.com/JoeMcLeanNews/status/1395775310487031814?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1395775310487031814%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.bbc.com%2Fnews%2Fworld-us-canada-57232694
Родителите и ученичките се особено гневни, затоа што во Алманахот се обработени фотографии од околу 60 девојчиња, што покажувале подлабоко деколте и голи раменици и го прекршиле кодексот на облекување, а не се обработени фотографии на момчиња иако и кај некои од нив е забележително такво однесување.
На веб-страната на училиштето било објавено известување до учениците дека нивните фотографии може да бидат дигитално обработени, за да бидат во согласност со кодексот на облекување.
„Двојниот стандард во Алманхот повеќе наликува на тоа дека тие не погледнале во телата и си помислиле дека ако покажеме и сосема малку разголеност тоа е сексуално. Од друга страна, кога ги погледнале момчињата, на фотографиите за пливачкиот тим и другите спортски фотографии, си помислиле дека сè е во ред“, вели Рајли О Кифи, 15-годишна ученичка во училиштето - пренесува BBC.
Во изјава за медиумите од управата на училиштето велат дека претходната политика била да се отстранат сите фотографии што не се во согласност со кодексот за облекување, па годинава се осигурале дека сите ученици ќе бидат вклучени.
Според кодексот за облекување во училиштата во областа, (Бартрам е област во Џексонвил, Флорида) девојчињата мора да носат маици што во целост ги покриваат рамениците и мора да бидат „скромни и да не бидат откриени или да го одземаат вниманието“. Исто така, не се дозволува нагласена шминка, а на сите ученици им е забрането да носат екстремни фризури.
Инаку, од Управата на училиштето им дале можност на родителите да си ги вратат средствата што ги платиле (околу 100 долари), доколку го вратат Алманахот во Управата и истиот не е потпишан или оштетен.
Дел од родителите и учениците веќе ги споделија обработените фотографии во јавноста, притоа скривајќи го идентитетот на учениците. Без разлика на тоа дали се гледа лицето или не, видливо е дека облеката била подложена на мошне лоша обработка.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Алманахот и како тие биле обработени:
Б. С. Б. | Црнобело