Највеселиот турски готвач на Инстаграм креира рецепти за гладни луѓе со мегаломански апетити (фото+видео)
- Детали
- недела, 30 мај 2021
Бурак Оздемир (Burak Özdemir) којшто го носи прекарот Burak CZN, е познат турски готвач и сопственик на синџирот ресторани Hatay Civilizations лоцирани на Таксим, во Аксарај, Етилер и првата странска локација отворена во Дубаи.
Во Дубаи тој се запозна и со Вил Смит и Кристијано Роналдо и ги почести ѕвездите со неговите вкусни специјалитети.
Бурак се прослави откако во 2018 година направи ќебап долг околу 101,6 cm, а светот се заинтересира за неговите специјалитети и начинот на подготовка на храната.
На Инстаграм е познат како еден од најпозитивните и насмеаните готвачи. Го следат над 22,5 милиони луѓе на популарната друштвена мрежа, а во моментот неговото богатство се проценува на 11 милиони долари.
27-годишниот готвач не престанува да го изненадувате светот со своите традиционални, турски рецепти, очигледно скроени за многу гладни луѓе со мегаломански апетити.
Погледнете ги интересните видеа на Бурак:
(О)Милена | Црнобело