Фотографии од дете мигрант, кое плови на пластични шишиња и плаче неутешно, го потресоа светот
- Детали
- петок, 21 мај 2021
„Ми се крши срцето. Не можам да замислам моите деца да треба да направат нешто вакво, само за да добијат шанса за мирно и безбедно детство“, е само еден од коментарите на фотографиите кои кружат вирално.
Фотографии од дете кое плаче и се држи за пластични шишиња за да не потоне обидувајќи се од Мароко да стигне до Шпанија го потресоа светот.
На неговото лице се гледа болка, очај и се гледа како тоа со последни сили се обидува да доплива до брегот. Шишињата му се прикачени околу струкот за да плови на површината.
Момчето е едно од илјадниците луѓе кои од Мароко се обидуваат да преминат во Шпанија. Во причините нема да навлегуваме, но сигурни сме дека апсолутно ниту едно дете на светот не смее да го доживее ова.
Фотографиите допреа до многу срца, а луѓе од целиот свет под објавата на Фејсбук на британскиот медиум Daily Mail коментираат.
Дел од емотивните коментари, кои на момент нѐ тераат да се подзамислиме што се случува во светот и во која насока оди тој:
„За мене тој е само 10-годишно дете на кое очајно му е потребна помош, мора да се соочил со нешто неподносливо затоа што во спротивно немало да се обиде да плива до Шпанија. Се надевам дека ќе пронајде мир во животот.“
„Ниту едно дете не треба да страда на каков било начин. Ако беше помал ќе го земеа веднаш. Се молам да пронајде добар дом.“
„Дозволете му на детето да остане каде сака. Го заслужи тоа!“
„Ужасно е да се види што се случува во светот и на овие фотографии потресно е да се види колку е тажно ова младо момче и што сѐ морало да остави зад себе.“
„Ми се крши срцето. Не можам да замислам моите деца да треба да направат нешто вакво, само за да добијат шанса за мирно и безбедно детство. Се надевам дека ова момче ќе успее да има подобар живот.“
„Не знам точно што се случило, но овие фотографии дефинитивно ме оставија со скршено срце.“
„Ниту едно дете не треба да се најде во опасност како ова детенце со претажен изглед на лицето.“
С. С. | Црнобело