Милионер од Лондон живее на зафрлен остров без струја и чува овци

„Знам дека според нормалните стандарди на луѓето куќата не изгледа добро, но според моите е одлична. Ја немам бојадисано, затоа што сме среде Атлантскиот Океан и пак ќе се излупи“, вели Рок Сендфорд.

milioner-od-london-zhivee-na-zafrlen-ostrov-bez-struja-i-chuva-ovci-01.jpg

Рок Сендфорд (63) од Лондон живее многу поинаков живот од повеќето милионери. Наместо живот во раскош со луксузни недвижнини и автомобили, тој живее скромно на зафрлениот остров Гометра во Шкотска, кој го купил за 700.000 евра во 1992 година.

Инаку, Рок е сингл татко на 4 деца. Неговата мисија е да живее без автомобил, без топла вода и централно греење.

milioner-od-london-zhivee-na-zafrlen-ostrov-bez-struja-i-chuva-ovci-02.jpg

Неговите деца учат и студираат во Лондон, но одморите ги минуваат на островот кај него.

„Мојата куќа била изградена пред 160 години, во неа има 5 соби - една за мене и по една за секое моето дете. Во зима е многу студено, ми се има случено дури и чајот да ми се смрзне, инаку најчесто во мојата спална соба е околу 2 степени Целзиусови. Но, ова е прекрасно место, го обожавам, многу сум среќен тука.

Знам дека според нормалните стандарди на луѓето куќата не изгледа добро, но според моите е одлична. Ја немам бојадисано, затоа што сме среде Атлантскиот Океан и пак ќе се излупи.“

milioner-od-london-zhivee-na-zafrlen-ostrov-bez-struja-i-chuva-ovci-03.jpg

Рок сам си произведува електрична енергија со помош на соларни панели и вели дека тоа му е само за мобилниот телефон и комјутерот и дека нема работи како електричен бокал и други направи, но вели дека најмногу му недостига машина за перење на облека затоа што облеката мора да си ја пере на рака.

„Ги полнам големите пластични кофи со студена вода, немам топла, и така ја перам облеката.“

milioner-od-london-zhivee-na-zafrlen-ostrov-bez-struja-i-chuva-ovci-05.jpg

Рок чува 300 овци на островот, се храни вегански и сам ја произведува својата храна, барем најголем дел од неа.

„Уште од 10-годишна возраст ги учев моите деца на одговорности и на тоа како да си приготват оброк, да не чекаат, туку да бидат дел од извршувањето на домаќинските работи. На островот ги минуваа одморите уште како мали и обожаваа да си играат тука без препреки од типот на собраќај и други опасности. Но, животот тука има и недостатоци како тоа што ви се далеку дел од луѓето кои ги сакате и не можете да испиете кафе со некој пријател кога ќе ви падне на ум.“

milioner-od-london-zhivee-na-zafrlen-ostrov-bez-struja-i-chuva-ovci-07.jpg

На островот Гометра живеат само уште 2 други семејства и Рок вели дека за време на бури ситуацијата е доста опасна.

„На моменти е страшно, иако мојата куќа е од камен, се тресе при молњи. Се сеќавам дека еднаш ми одлета цел прозорец заедно со рамката.“

milioner-od-london-zhivee-na-zafrlen-ostrov-bez-struja-i-chuva-ovci-08.jpg

Инаку, Рок често го прави 17-часовното патување од Гометра до Лондон за да присуствува на некои настани. Вели дека патувањето е тешко има одење преку планина, возење со фери до соседен остров, два автобуси, фери, два воза и тогаш е во Лондон.

milioner-od-london-zhivee-na-zafrlen-ostrov-bez-struja-i-chuva-ovci-06.jpg

milioner-od-london-zhivee-na-zafrlen-ostrov-bez-struja-i-chuva-ovci-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg