26-годишна Мексиканка стана Мис Универзум 2021 - која е Андреа Меза? (фото)
- Детали
- понеделник, 17 мај 2021
Прекрасната Мексиканка, која е софтверски инженер, победи 74 други натпреварувачки од целиот свет.
Андреа Меза, 26-годишната девојка која беше прогласена за Мис Мексико, сега стана Мис Универзум 2021. Таа е софтверски инженер.
Инаку, Зозибини Тунзи од Јужна Африка, Мис Универзум од 2019 година ја круниса, поради тоа што настанот минатата година беше откажан поради пандемијата, па нема Мис Универзум 2020.
За финалното претставување Андреа се појави во црвена тоалета на настанот на Флорида во Seminole Hard Rock Hotel & Casino Hollywood.
Меза, која вели дека има големо семејство до 40 братучеди, е третата Мексиканка што ја добила оваа титула за убавина. На 69-тото издание на Мис на Универзум таа победи 74 други натпреварувачки.
Повеќе фотки од Мис Универзум 2021:
С. С. | Црнобело