Егзотичната Зозибини со темна кожа и кратка коса ги сруши стереотипите за убавина – новата Мис Универзум 2019 (фото)
- Детали
- вторник, 10 декември 2019
Атланта беше градот домаќин на овогодишниот избор за убавина „Мис на универзумот“, а крунисана беше 26-годишната Зозибини Тунзи од Јужна Африка.
Таа е првата жена со темна боја на кожата која победила на овој избор, но и првата општо што ја понела титулата од африканскиот континент.
Зозибини е „нетипична“ убавица: со остар јазик, диплома од областа на односи со јавноста, одличен оратор и активист за човекови права.
Акцентот на нејзината борба е ставен против родовото насилство, но Зозибини исто така се бори против стереотипот за „убава жена“ во денешното општество кое прокламира многу шминка, долга коса и одлична гардероба.
Второто место на изборот го освои Медисон Андерсон од Порторико, а третото ѝ припадна на Софија Арагон од Мексико.
Погледнете како изгледа прекрасната Зозибини:
https://www.instagram.com/p/B5×89gDhdnu/
(О)Милена | Црнобело