Жената која ќе си го „продаде“ породувањето на OnlyFans за над 11.000 евра
- Детали
- петок, 14 мај 2021
Бремената Карла Белучи е една од оние кои заработуваат пари на платформата за возрасни OnlyFans, продавајќи фотки од својот стомак, а последно, таа откри дека добила понуда да си го продаде породувањето со пренос во живо.
Мислењата за тоа дали е правилно и морално или не се поделени, но како и да е, факт е дека платформата OnlyFans стана многу популарен начин за заработка посебно помеѓу жените, кои создаваат бизнис од себе.
Една од нив е Карла Белучи, идна мајка, која своите најубави труднички моменти ги споделува на Инстаграм, но добила понуда и да си го „продаде“ породувањето на платформата OnlyFans.
Бремената Карла открила дека планира во живо да го пренесува своето породување, за што добила понуда од над 11.000 евра.
Исто така, имала и повеќе понуди од претплатниците да го купат нејзиното мајчино млеко.
Идната 39-годишна мајка дефинитивно планира да си заработи од бременоста.
„Нервозна сум поради преносот во живо, но жал ми е да одбијам толку пари. Има толку многу мажи кои имаат фетиш за бремени жени. На денот кога објавив пред фановите дека сум бремена, заработив повеќе од 3.000 евра. Морам да признаам дека сум малку шокирана.“
Каков ви е ставот за ваквиот начин на заработка?
М. Д. | Црнобело