Жена вежба во парк во танга монокини како Ким Кардашијан - како реагирале минувачите?
- Детали
- среда, 12 мај 2021
„Целиот задник ми беше на видик и локалец што го шеташе кучето ме гледаше со ужаснат поглед пред да се упати во спротивна насока. Мојот обид да ја имитирам Ким Кардашијан заврши како тотално фијаско“, раскажува репортерката Хејли Ричардсон од Велика Британија.
Пред неколку дена Ким Кардашијан објави фотка како вежба со долга руса перика и со црнo танга монокини со отсечоци.
Таа ги истакна своите облини на справата за вежбање на отворено во Лос Анџелес и собра 5 милиони лајкови од своите фанови.
На топлото време разголениот модел очигледно ѝ годел, но колку всушност ова монокини е практично за вежбање?
Репортерката на Daily Mail, Хејли Ричардсон, храбро одлучи да направи експеримент. Таа се облече во монокини, како тоа на Ким, и вежбаше на отворено во парк во Велика Британија, очигледно сакајќи да покаже дека тоа што го гледаме на Инстаграм често е далеку од реалноста.
Хејли ја раскажува својата авантура:
„Нервозно ѕиркав преку рамото откако ја соблеков наметката и останав по црното монокини. Стоев практично гола. Можеби ќе се чувствував подобро ако вежбав покрај плажа во Лос Анџелес, а не во парк во Суреј во Велика Британија каде во понеделник наутро се шетаат пензионери и мајки со деца.
Времето не беше на моја страна, имаше ветер, а и справите за вежбање беа водени од дождот.
Со раката морав да го избришам седиштето за да седнам со танга костимот за капење и да вежбам како Ким. Целиот задник ми беше на видик и локалец што го шеташе кучето ме гледаше со ужаснат поглед пред да се упати во спротивна насока. Реакцијата на неговото куче ми потврди дека тоа не беше нивната вообичаена рута.
Моментот кога мојот задник се допре до студеното седиште на справата не беше воопшто пријатен.
Потоа кога ги кренав рацете за да ги дофатам рачките, горниот дел од костимот за капење почна да се растегнува и се чувствував сѐ погола и погола. Се растегна материјалот и ми се откри долниот дел од градите, толку многу што изгледаше непристојно, дури и за Ким Кардашијан.
По неколку вежби и шокирани случајни минувачи со осудувачки потези го признав поразот и се префрлив на друга справа.
Бев боса како и Ким, па морав да ги тргам нечистотиите од асфалтот кои ми се закачија на голите стапала.
Потоа со секоја наредна вежба си докажав дека тангата и вежбањето не се мешаат. Со секоја поза чувствував како монокинито ми се затегнува.
Човек што трчаше сакаше да повежба на справите, но поради мене имаше засрамен поглед и не се осмели. По него поминаа три жени, од кои една личеше на мојата сосетка, па јас зјапав засрамено во земјата, а тие ме озборуваа кога минуваа крај мене.
Посрамотена си ги собрав работите и си отидов со автомобилот дома. Мојот обид да ја имитирам Ким Кардашијан заврши како тотално фијаско.“
Прочитајте и Девојка се шета со проѕирна блуза и без градник како Кендал Џенер - минувачите со хит реакции
С. С. | Црнобело