Девојка се шета со проѕирна блуза и без градник како Кендал Џенер - минувачите со хит реакции
И мажи и жени вртеа глави по смелото издание на Џесика, а со својот експеримент таа докажува дека тоа што ни го сервираат ѕвездите не секогаш е соодветно за во секојдневието.
Кендал Џенер неодамна се прошета со проѕирна блуза, без градник под неа, низ улиците на Њујорк.
21-годишниот супермодел е познат по храбрите стајлинзи, а токму со овој инспирираше една „обична“ девојка да направи експеримент.
28-годишната Џесика Гладстоун собра храброст да прошета низ Лондон со стајлинг како оној на Кендал. Таа тестира колку аутфитите на познатите се соодветни за во секојдневието.
Џесика облече проѕирна блуза со стратешки поставени цветови.
Случајните минувачи зјапаа во неа додека таа храбро чекореше по улиците.
Ова е доказ дека тоа што ни го сервираат познатите како тренд, не секогаш е применливо во секојдневното функционирање.
Коментар на еден од случајните минувачи гласел: „Не би ја пуштил мојата ќерка да излезе вака, ова е навистина провокативен изглед.“
Како реагираа случајните минувачи на стајлингот на Џесика:
С. С. | Црнобело