36-годишна мајка која ги изгубила забите во бременоста брутално искрена: „Не треба да се мразиме себеси затоа што ни треба вилица“
- Детали
- сабота, 08 мај 2021
Голем број жени имаат проблеми со забите за време на бременоста. Сепак, многу од нив се срамат јавно да признаат дека имале таков проблем. Кога станува збор за вештачки протези, најчесто се мисли дека таков проблем имаат само повозрасните, но оваа мајка објави видео со кое сака да ја избрише стигмата што постои поради предвремената загуба на забите и носењето т.н. „вилица“.
Мајка од Њујорк стана вирален хит откако на ТикТок ги извади вештачките вилици од устата. Таа покажа јавно дека за нејзината блескава насмевка потрошила 16.000 долари, откако претходно во бременоста почнала да ги губи забите и да ѝ се расипуваат.
@princxssglitterhead Reply to @magicjuanontv #smiling #denturechallenge #smilewithoutteeth #smilewithtiktok #tiktoktherapy #toothlessprincess #DoritosDuetRoulette #fypシ
♬ Hislerim - Serhat Durmus
„Си реков себеси дека кога ќе го поминам ова нема да дозволам ниту една личност да ми каже што било и да направи да се чувствувам неубаво“, вели Алисија.
Во видеата што ги објавува таа ја брише целата шминка, ги вади вештачките трепки и ја вади протезата, односно вештачката вилица, по што ја открива устата без заби и вметнатите штрафови во нејзината вилица. Алиса која сега има 36 години, почнала да ги губи забите на 21 година, кога се породила со првата ќерка Кејти.
„Еден од предните заби ми се скрши (од хамбургер) и бев многу засрамена. Само што се омажив за сопругот и само што го добивме првото бебе. Овој човек ме зема за жена кога имав совршени заби и следната година неговата сопруга е без заб“ - вели таа во видеото.
Како што вели, поради тоа што со години избегнувала да оди на заболекар, поради трауматично искуство како дете, но и поради неводењето здрав животен стил, нејзиното тело почнало да ги зема хранливите состојки од забите за време на бременоста.
„За време на бременоста, мислам дека не се хранев здраво. Не бев во добра здравствена состојба, како што требаше да бидам. Па бебето мораше да зема работи од моето тело што и не бев свесна дека ми недостасуваат... Во главно, калциум од моите заби“, вели таа.
Проблемите со забите дополнително ѝ се влошиле кога имала 24 години и останала бремена по вторпат со нејзината ќерка Беа. По оваа бременост забите почнале да ѝ се нишаат, а таа и нејзиниот сопруг немале доволно финансии за скапите стоматолошки третмани за да ја поправат нејзината насмевка.
Но, тие успеале да соберат доволно пари, па така таа дала околу 10.000 долари за естетски операции и морала да оди на стоматолог секоја недела во период од една година. По ова таа пак останала бремена уште двапати, а со тоа пак имала проблеми со забите, поради што ефектите од претходните операции биле целосно избришани.
Така, на возраст од 34 години, таа се одлучила за протеза. За горната вилица платила 9.600 долари, а за долната 7.300 долари, или вкупно 16.900 долари.
„Не мора да се мразиме себеси, затоа што ни требаат протези, без разлика која е причината. Ние ја имаме моќта, да направиме тоа да биде најдобрата одлука што сме ја донеле за себе“ – вели таа.
Алисија ги користи своите профили за да промовира прифаќање на вештачките протези и се обидува да ја разниша стигмата што постои поради загубата на забите.
@princxssglitterhead Answer to @kelmar1970 YES!!! HUGE APPEAL!!! All done in #oneday #dentalimplantsurgery #snapindentures #dentaldiaries #miniimplants #dentalimplants #fy
♬ Oh No - Kreepa
@princxssglitterhead AHHH OMGGG?THANK YOU FOR 316K NEW #glitterheadfamily MEMBERS!!! #Withorwithout #withoutteeth #beforeandaftermakeup #dentureconfidence #toothless
♬ son original - Gygy ???
Б. С. Б. | Црнобело