Маж од Австралија го дели креветот со питон од 2.5 метри и се жали дека девојките го оставаат
- Детали
- петок, 07 мај 2021
„Кога ќе видат девојките со кого го делам креветот веднаш ме оставаат“, се жали 40-годишниот Џони.
Џони Вокер (40) од Квинсленд, Австралија не може да си пронајде партнерка поради неговите уникатни навики. Тој чува и спие со питон од 2.5 метри.
8-годишниот питон Бредли му е најдобар пријател, а покрај него има уште еден питон стар 2 години.
Вели дека кога на девојките ќе им покаже дека во кревет спие со змии мислат дека е луд и не сакаат да имаат ништо со него.
Џони вели дека змиите му се како семејство, иако се случило да биде каснат неколкупати тој ги обожава и вели дека секојпат кога бил каснат била негова вина.
Се жали дека девојките го оставаат инстантно штом видат какви миленици има.
Џони во последните две години пред пандемијата ја посетил Индонезија 12 пати поради неговата љубов кон змиите.
С. С. | Црнобело