„Во еден момент пишував порака, следниот ја држев ќерката во раце“ – 29-годишна жена се породила за 27 секунди

Софи Баг има 29 години и неодамна станала мајка по третпат, а тврди дека го родила детето за само 27 секунди. Софи верува дека го срушила рекордот за најбрзо породување, па сега планира да аплицира за Гинис.

vo-eden-moment-pishuvav-poraka-sledniot-ja-drzhev-kjerkata-vo-race-29-godishna-zhena-se-porodila-za-27-sekundi-01.jpg

Неодамна Софи Баг и нејзиниот 32-годишен сопруг Крис го добиле нивното трето дете, а според младата мајка, породувањето траело само 27 секунди.

„Мора да е рекорд. Беше толку брзо и толку неочекувано – не ми се веруваше. Во еден миг ѝ пишував порака на пријателка – следниот веќе ја држев Мили во моите раце“, вели Софи за The Sun.

vo-eden-moment-pishuvav-poraka-sledniot-ja-drzhev-kjerkata-vo-race-29-godishna-zhena-se-porodila-za-27-sekundi-03.jpg

Всушност, и претходните две деца Софи ги родила мошне брзо – во 2013 година ја добила ќерката Пејџ, а породувањето траело 12 минути, а во 2015-та се породила за 26 минути.

„Планирав да одам во болница за индуцирано породување, како што направив со претходната бременост во 39-тата недела. Не ни помислив дека ќе почнам да се породувам. Беше смешно брзо. Не чувствував болка. Отидов во тоалетот и кога станав од школката сфатив што се случува. Му се јавив на Крис, а кога почнав да се породувам, после само едно туркање и 27 секунди, таа се роди“.

vo-eden-moment-pishuvav-poraka-sledniot-ja-drzhev-kjerkata-vo-race-29-godishna-zhena-se-porodila-za-27-sekundi-03.jpg

Мајката вели дека повикале брза помош, а акушерката ја советувала веднаш да легне на подот. Софи легнала, а акушерката сакала да ги брои секундите помеѓу контракциите, но Софи веднаш се породила. Потоа таа и новороденчето биле пренесени во болница.

Сега младата мајка сака да стапи во контакт со Гинис, но вели дека малку им завидува на жените кои имаат подолги породувања.

„Тешко е што жените мораат минуваат низ тоа, но некогаш се чувствувам како да сум го испуштила тоа искуство“.

vo-eden-moment-pishuvav-poraka-sledniot-ja-drzhev-kjerkata-vo-race-29-godishna-zhena-se-porodila-za-27-sekundi-02.jpg

Според Mayo Clinic, штом грлото на матката целосно ќе се отвори, на жената ѝ се потребни од неколку минути, до неколку часови за да го роди детето. Породувањето може да трае подолго кај жените кои раѓаат за првпат, а обично во наредните бремености породувањето е пократко.

Во медицината постои и посебен термин за брзо породување, кое го опфаќа периодот од започнувањето на контракциите, до раѓањето на детето.

Во случаите на брзото породување, жената го раѓа детето помалку од три часа откако ја добила првата контракција. Како што веќе напоменавме, некогаш се случува самото породување, откако целосно ќе се отвори грлото на матката, да трае само неколку минути, а во случајот на Софи тоа траело многу помалку, па не е ни чудо што на многумина ова искуство им е за неверување.

Останува да видиме дали нејзиното породување ќе биде запишано во Гинисови рекорди.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg