Зошто куќите на грчките острови се бело-сини?
- Детали
- сабота, 08 мај 2021
Секој кој барем еднаш бил на Миконос, Санторини, Наксос или кој било друг остров од архипелагот Киклади, се вратил воодушевен од сино-белата магија.
Но, ако никогаш не сте прашале зошто овие куќички се бело-сини, ви ја откриваме причината која нема врска со патриотизмот.
Причината е од многу попрактична природа и е поврзана со епидемијата на колера.
Повеќето куќи на овие острови се направени од камен, бидејќи на островите каменот бил подостапен од дрвото. Сепак, каменот има недостаток што задржува топлина од сончевите зраци.
Како би си го олесниле животот во текот на топлите денови, локалците ги боеле ѕидовите во бела боја.
Белата боја исто така била и еден начин на дезинфекција, па во неа имало барем мала надеж дека пандемијата oд колера ќе биде спречена.
Што се однесува до сината боја на куќите, почнала да се појавува во исто време со белата, бидејќи во неа имало лесно достапна состојка попозната како loulaki, сина креда.
Години подоцна, кога во Грција владеела диктатура - тогаш веќе куќите морало да бидат обоени во бело-сини нијанси, од патриотски причини.
Овие прописи денес не се веќе актуелни, но боите се задржани од разбирливи причини – во меѓувреме овие куќички станаа препознатлив стил за развој на туризмот.
М. Д. | Црнобело