Богато семејство од САД бара пар што ќе работи на нивниот приватен остров на Бахамите - платата е одлична
- Детали
- четврток, 06 мај 2021
Кога мислите на работа од соништата дали мислите на нешто вакво? Дали би оставиле сѐ и би заминале веднаш во „рајот на Земјата“?
Ви здодеа ли секој ден по 8 часа да минувате „заробени“ во канцеларија? Ако климате со главата, тогаш ова е совршениот оглас за вас.
Богато семејство од САД кое поседува приватен остров на Бахамите бара пар кој ќе се грижи за сите домашни обврски на нивниот имот.
Бараат пар кој е способен за раководење со домаќинство и кој сака работниот ден да го минува покрај тиркизна вода и плажи со бел песок.
Исто така, ќе има и патувања до нивниот втор имот на Флорида, кој исто така бара одржување. Патувањата за парот ќе бидат организирани со приватен џет.
Платата годишно ќе изнесува околу oд 80.000 до 100.000 евра за парот, а има плус и бесплатно сместување и обезбедено здравствено осигурување.
Исто така, викендите ви се слободни за одмор и релаксација, како уживање во водени спортови, нуркање или едноставно излежување на сонцето.
Луси Челинџер, основачот на агенцијата за вработување Polo & Tweed, каде е поставен огласот вели: „Ова е работна позиција што се нуди еднаш во животот. Дури и самите клиенти се пошегуваа дека се во искушение самите да се пријават.“
Огласот погледнете го ТУКА!
С. С. | Црнобело