28-годишна девојка има партнер кој е врсник на баба ѝ: „Луѓето мислат дека сум му негувателка, се плашам дека ќе го изгубам рано“
- Детали
- четврток, 06 мај 2021
Уште една необична љубовна приказна за која мислењата се поделени - 28-годишна девојка, која е во врска со 48 години постар маж од неа, открива дека тој е врсник на нејзината баба и луѓето најчесто мислат дека му е негувателка.
Келси, која е од Ла Хола (Сан Диего), го запознала 76-годишниот Ги Бонџовани од Анкориџ (Алјаска) на јога час. Бонџовани почнал да посетува часови по јога откако ја загубил сопругата со која бил 42 години во брак.
Двојката отпочнала разговор еден ден по часот, по што станале пријатели. Келси која е учителка за деца со посебни потреби и Ги кој е фотограф, признаваат дека веднаш постоела „хемија“ меѓу нив. Сепак тоа не било „љубов на прв поглед“, туку врската ја започнале две години подоцна.
„Одлучив да пробам нешто ново и избрав час по јога во локалната теретана. Разгледував околу мене и ги гледав луѓето што го посетуваат часот. На крај моите очи стапија во контакт со човекот што мислев дека е комичарот Џорџ Карлин. Тој ја зема постeлката за јога и ја премести веднаш до мене.“ - раскажува Келси.
Таа понатаму вели дека откако часот бил готов Ги ја прашал дали би сакала да му биде пријателка.
„Ме збуни затоа што тоа беше мошне едноставно прашање, како кога дечињата ги прашуваат другите дечиња. Разговаравме во теретаната неколку часови и кога се поздравивме, тој си замина. Не ми побара телефонски број, не праша кое е моето презиме, немавме никакви гаранции дека ќе се видиме повторно. Така започна нашата приказна“ - вели таа.
Таа појаснува дека на почетокот најмногу ја привлекол звукот на неговиот глас и тоа што знаел како да раскаже приказна, а во врска стапиле по две години дружење. На почетокот Келси цела година криела дека е во врска со Ги од нејзиното семејство и од пријателите.
Двојката сега живее заедно, но признаваат дека се соочуваат со критики поради огромната генерациска разлика меѓу нив. Келси вели дека најтешко било да ѝ соопшти на нејзината баба дека се во врска, затоа што таа е на иста возраст како Ги.
Бабата на Келси исто така била омажена за 18 години повозрасен маж од неа и 26 години се борела да се справи со загубата откако љубовта на нејзиниот живот починала. Келси вели дека самата идеја дека Ги е повозрасен од неа и може да го изгуби прерано - многу ја натажува.
„Баба ми често знаеше да ми се довери кога бев во тинејџерските години, дека посакува да нашла партнер кој би поминал повеќе време со неа. Мислам дека се чувствував дека ќе бидам иста како неа, со само една љубов во мојот живот“ - вели Келси.
Келси и Ги го користат времето што го имаат заедно, па така често одат на пешачење, истражуваат нови градови и одат заедно во театар. Сепак, Келси вели дека е тажна затоа што знае дека нема да остари заедно со љубовта на нејзиниот живот, но нејзиниот партнер ја теши и ја учи дека треба да се ужива во моментот.
„На почетокот на нашата врска, често плачев поради големата разлика во годините. Сега му кажувам кога сум уплашена дека би можела да го загубам, затоа што еден ден тој нема да биде со мене повеќе и сакам да знае дека секогаш сум била отворена и реална со него и да знае дека го ценам и го сакам. Се молам за тоа секојдневно. Ги, со оглед на тоа што е постар и помудар, вели дека нема смислa да плачам поради смртта и дека треба да живееме сега и да се сакаме колку е можно повеќе“ - вели таа.
Таа вели дека на почетокот ја чувала врската со Ги во тајност затоа што се плашела од негативните критики на нејзиното семејство и пријателите.
Сепак со текот на времето научила да не се грижи за мислењето на другите и во пролетта во 2020-тата година, одлучила да му каже на семејството и на пријателите дека е во врска со 48 години повозрасен човек од неа.
Кога се заедно излезени, Келси и Ги признаваат дека оние што не ги знаат често мислат дека Келси му е негувателка на Ги, но кога ќе кажат дека се двојка ретко добиваат негативни и зајадливи коментари. Келси смета дека тоа е така затоа што сите може да видат колку тие се среќни заедно и покрај огромната генерациска разлика.
Според Келси една од најдобрите работи во врска со голема генерациска разлика е тоа што научиле да го ценат времето што го имаат заедно. Тие се нераздвојни и размислуваат дури да стапат во брак.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: The Sun