Ролеркостер се расипал на највисоката точка од 60 метри - луѓето се симнуваат пешки (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 26 април 2021
Светски познатиот ролеркостер во Pleasure Beach во Обединетото Кралство се расипа во близина на највисоката точка, поради што оние што платиле за доза адреналин, добиле „доза и пол“ па морале да се симнуваат пешки од височина од околу 60 метри.
Најверојатно, ролеркостерот кој во највисоката точка е висок околу 65 метри, познат како Big One или the Pepsi Max, во неделата (25.04) имал механички дефект, поради што патниците морале да се вратат назад пешки по конструкцијата.
Вработените веднаш реагирале па им помогнале на вознемирените патници да се симнат. На социјалните мрежи може да се забележат разни коментари од луѓе што се во целост преплашени, до оние што се задоволни од зголемената доза адреналин.
Инаку, забавниот парк Blackpool Pleasure Beach е најголемиот тематски забавен парк во Обединетото Кралство, а повторно беше отворен за работа на 12-ти април годинава.
How exciting! Here's Blackpool @Pleasure_Beach testing the Big One ahead of their reopening date on 12 April. Not long to go now 🎢
Plan ahead here: https://t.co/r0fW6Sg7K3
📷 Margaret Summers pic.twitter.com/dWQeKKQjXb-->— VisitBlackpool (@visitBlackpool) March 31, 2021
Кога бил пуштен во употреба, во 1994-тата година, ролеркостерот The Big One бил нависокиот ролеркостер во светот. Тој исто така бил и еден од најстрмните со агол на искачување од 65 степени.
Тој исто така бил и втор по брзина со најголема брзина од 120 km/час. Во моментов ова е најголемиот ролеркостер во Обединетото Кралство со височина од околу 65 метри и пад од 62 метри.
Во продолжение повеќе фотографии од ролеркостерот и видео од симнувањето на патниците по дефектот:
https://www.instagram.com/p/B1lyz4eDJpC/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело