„Сакам да бидам гласот на младите“ – 23-годишен јутубер се кандидира за градоначалник на Лондон
- Детали
- петок, 23 април 2021
23-годишниот јутубер Нико Омилана смета дека никој не ги слуша младите кога станува збор за политика, па сакајќи да го промени тоа, решил да се кандидира за градоначалник на Лондон.
Нико Омилана е 23-годишен јутубер од Англија кој решил да се кандидира за градоначалник на Лондон. Иако на почетокот неговото кандидирање било пречекано со потсмев, според анкетите, тој е еден од омилените кандидати за овогодишните избори, но и најпопуларниот кандидат кој не е поврзан со некоја политичка партија.
Нико Омилана има YouTube профил на кој споделува видеа од забавен карактер, а неговиот канал го следат околу 3,5 милиони фанови. Според британските медиуми, тој има повеќе следбеници на социјалните мрежи од сите останати кандидати заедно.
Изборите за градоначалник на Лондон требаше да се одржат минатата година, но беа одложени поради пандемијата. Нико, пак, ја најави својата кандидатура во април годинава, со видео на Твитер. Во видеото Нико вели дека ја основал партијата Niko Defence League, или NDL, и нагласува дека е сериозен во својата намера.
https://twitter.com/NikoOmilana/status/1378022331377987589
Познатиот јутубер вели дека тој сака да биде гласот на младите, а веќе има поддршка од други ѕвезди на платформата.
„Младите луѓе не се сериозно сфатени во политиката, бидејќи власта не ни дава глас. Но, пријатели мои, ние имаме глас, па сакам да видам што ќе се случи кога заедно ќе станеме гласни“.
Младиот кандидат смета дека „системот на власта е уништен“ и дека тој е „единствениот човек што може да го поправи“.
Спирова С. | Црнобело