Прва роденденска фотка од кралицата Елизабета (95) без принцот Филип + најдобрите фотки од нејзиното владеење
- Детали
- четврток, 22 април 2021
На 21-ви април кралицата Елизабета го прослави нејзиниот 95-ти роденден, но годинава без саканиот сопруг Филип. Поради неговата смрт, прославата за нејзиниот роденден беше откажана и таа го помина денот мирно, во замокот Виндзор.
Изминативе неколку денови кралицата и членовите од кралското семејство беа зафатени со погребот на принцот Филип, а бидејќи уште трае периодот на жалост, прославата за нејзиниот роденден беше откажана.
Според изворите, кралицата го поминала денот во друштво на најблиското семејство, но без Хари кој веќе се врати во САД.
Обично за роденденот на кралицата палатата споделува портрет од неа и принцот Филип, но годинава на официјалниот Инстаграм профи споделија неформална фотка од Елизабета, на која кралицата има широка насмевка.
„Денес е 95-иот роденден на кралицата. Кралицата е родена во 2:40 часот наутро на 21 април 1926 во Лондон. Таа е првото дете на војводата и војвотката од Јорк, кои подоцна станаа кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета.
Годинава кралицата ќе остане во замокот Виндзор, додека трае периодот на жалост по смртта на војводата од Единбург“.
Исто така, на профилот беше споделена и порака од кралицата до јавноста:
„Денес, за мојот 95-ти роденден добив многу пораки кои многу ценам. Додека со семејството сме во период на голема тага, на сите ни е утеха што ги гледаме и слушаме пораките во чест на мојот сопруг, од оние во Велика Британија, Комонвелтот и целиот свет.
Моето семејство и јас сакаме да ви се заблагодариме за поддршка и добрината што ни ги покажавте изминатите неколку денови. Трогнати сме и постојано се потсетуваме дека Филип имаше огромно влијание врз безброј луѓе во текот на неговиот живот“.
Елизабета седна на кралскиот трон во 1953 година, кога имаше само 25 години. До денес, таа е британскиот монарх кој најдолго владеел со кралството, а во годините на нејзиното владеење, сопругот Филип ѝ беше најголемата поддршка.