„Мислев дека повеќе не ме собира во авион“ – Жена зависна од храна ослабела 80 килограми (фото)

Карла Фицџералд од Ирска целиот живот имала проблеми со дебелината. Бидејќи нејзината тежина постојано се зголемувала, таа почнала да стравува дека повеќе нема да ја собере во седиште во авион или градски автобус. Поради ова, но и другите проблеми што ѝ ги предизвикувала дебелината, во јануари минатата година Карла решила да направи промена и за околу 14 месеци ослабела неверојатни 80 килограми.

mislev-deka-povekje-ne-me-sobira-vo-avion-zhena-zavisna-od-hrana-oslabela-80-kilogrami-foto-01.jpg

34-годишната Карла од Даблин, Ирска, со години се борела со вишокот килограми и сфатила дека ако продолжи по старо, наскоро нема да може да седне во автобус, како што вели самата.

Затоа, во јануари минатата година си поставила цел да ослаби, а за да се мотивира да продолжи, почнала да го фотографира својот прогрес.

mislev-deka-povekje-ne-me-sobira-vo-avion-zhena-zavisna-od-hrana-oslabela-80-kilogrami-foto-02.jpg

Со драстични промени во животните навики, Карла ослабела дури 80 килограми и вели дека сега за првпат се чувствува одлично во своја кожа, но и дека конечно може да носи облека каква што сака.

„Одлучив дека сум подготвена да почнам со слабеење во јануари минатата година, откако одев и на терапија за да добијам помош. Имам проблеми со тежината и исхраната целиот живот. Ја пробав секоја диета што постои, но никогаш не успевав“, открива младата жена.

mislev-deka-povekje-ne-me-sobira-vo-avion-zhena-zavisna-od-hrana-oslabela-80-kilogrami-foto-08.jpg

Пред да почне да слабее, Карла била дијагностицирана со зависност од храна.

„Постојано мислев што ќе јадам следно, дури и додека јадев. Секој ден внесував помеѓу 3.000 и 5.000 калории. Секој ден додека бев на работа, за ручек јадев брза храна. Ако не нарачував брза храна, јадев огромни порции тестенини, чипс или која било друга калорична храна полна со јаглехидрати. Но, откако отидов на терапија, сфатив дека моето тело не ми е непријател и дека треба да си го подобрам животот на подобро“.

Карла дури избегнувала да се погледне во огледало и вели дека не ни била свесна колку се здебелила. Извесен период се обидувала да ја прифати дебелината, но потсвесно знаела дека мора да промени нешто.

„Конечно бев подготвена за последен пат да се обидам да ослабам. Тогаш почнав да го контролирам бројот на калории и секој ден пешачев по еден час“.

mislev-deka-povekje-ne-me-sobira-vo-avion-zhena-zavisna-od-hrana-oslabela-80-kilogrami-foto-05.jpg

Со цел да се мотивира, таа почнала да го фотографира нејзиниот прогрес. А, дури кога почнала да слабее, сфатила колку дебелината ѝ го отежнувала животот:

„Претходно се паркирав веднаш до продавницата, бидејќи не можев да одам. Качувањето скалила ми беше многу заморно. Почнав да се грижам дека ако отидам во ресторан, нема да ме одбере во столчето. И одењето на одмор ми беше хорор бидејќи се плашев дека нема да ме собере во авионското седиште. Тоа беше тортура. Но, сега не морам да размислувам за овие работи. Се чувствувам многу слободно“.

mislev-deka-povekje-ne-me-sobira-vo-avion-zhena-zavisna-od-hrana-oslabela-80-kilogrami-foto-03.jpg

mislev-deka-povekje-ne-me-sobira-vo-avion-zhena-zavisna-od-hrana-oslabela-80-kilogrami-foto-07.jpg

Карла вели дека ја донела одлуката да ослаби пред да се влоши ситуацијата со пандемијата, но карантинот ѝ помогнал да се фокусира на себе, да создаде рутина и полесно да ја стигне својата цел.

„Имав многу мали победи кога почнав да слабеам. Се сеќавам кога првпат успеав да седнам со прекрстени нозе и првиот пат кога успеав да си облечам чорапи без да седам. Кожата ми стана поздрава, а косата многу побујна. Толку брзо ослабев, што ми требаше време да се навикнам на новата јас. Всушност, уште се шокирам кога ќе се погледнам во огледало“.

mislev-deka-povekje-ne-me-sobira-vo-avion-zhena-zavisna-od-hrana-oslabela-80-kilogrami-foto-06.jpg

Карла е сигурна дека ја направила вистинската одлука и вели дека конечно се чувствува како жена.

„Сега сум друга личност. Полна сум со гордост, радост и надеж. Претходно никогаш не сум се чувствувала вака“.

Сепак, она што е најважно е дека секое тело е различно и различно реагира на различни методи за слабеење, па секогаш е најдобро да се консултирате со стручно лице при обидот за ослободување од голем број вишок килограми.

Повеќе фотки од Карла на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg