Тон емоции: Девојка која боледува од рак се расплакува откако мајка ѝ изненадно ќе си ја избричи и својата глава
- Детали
- среда, 21 април 2021
Видео од 31-годишна Бразилка која се бори со рак и нејзината мајка која на дело ѝ покажа дека во тешката борба не е сама го обиколи светот. Ништо не се мери со мајчината љубов!
На социјалните мрежи веќе извесен период кружи видео кое го топи срцето/
Станува збор за видео каде мајката на девојка по име Лусијана Ребело (31) од Бразил, која се бори рак, ѝ помага да се ослободи од косата.
Но, ненадејно мајката почнува да ја бричи и својата коса во знак на поддршка на ќерка си. Лусијана, која зборува на португалски, ѝ вели: „Мамо! Што правиш мамо?“, па мајка ѝ потоа ја бакнува на главата, а Лусијана е во солзи.
Инаку, Лусијана се бори со оваа болест од 2018 година.
Фото: Фејсбук Лусијана Ребело
Оваа храбра мајка ѝ покажува на ќерка си на дело дека таа не се бори сама и дека ништо не е посилно од мајчината љубов.
С. С. | Црнобело