Тон емоции: Дечко кој боледува од рак се расплакува откако берберот изненадно ќе си ја избричи и својата глава
- Детали
- петок, 16 април 2021
„Додека не ти порасне косата, ќе се бричам и јас со тебе“ – се зборовите на берберот кој изненадно си ја избричи и својата глава додека ја кратеше косата на својот пријател кој боледува од рак, а емотивниот момент е снимен на камера.
Видеото кое стана вирален хит на социјалните мрежи расплака и ги стопи срцата на милиони луѓе на светот, а веројатно ќе ги наполни и вашите очи со солзи кога ќе го видите овој емотивен момент.
Берберот Нефтали Мартин кој ја губи косата поради хемотерапијата што е неопходна за лекувањето од карцином отишол да се потшиша кај неговиот колега и пријател Хоел Ортега Гонзалез.
Нефтали од Аликанте, Шпанија ја го снимал моментот кога ќе се збогува со косата, а воопшто не очекуваше да го види она што се случи потоа - кога неговиот пријател неочекувано и сам си ја избричи главата.
Видеото во моментов има над 10 милиони прегледи на ТикТок, а истото видео Нефтали го објави и на неговиот Инстаграм профил, под кое напиша:
„Не си сам, беа зборовите на мојот голем пријател и соработник, веднаш потоа, тој ја избричи главата и ми рече дека додека не ми порасне косата, тој ќе продолжи да се бричи со мене. За оние што не го познаваат @imjooeel не е само соработник, тој ми е брат. Те сакам брат“.
Б. С. Б. | Црнобело