Домот во Малта каде што Филип и Елизабета ги поминаа најсреќните години од животот ќе биде претворен во музеј (фото)

Пред Елизабета да седне на кралскиот трон, таа и Филип живееја во Малта, а токму овде имаа можност да го искусат нормалниот живот, како најобичен брачен пар. За нив, ова биле најубавите години од животот, а сега, во чест на принцот, вилата во којашто живееја ќе биде претворена во музеј.

domot-vo-malta-kade-shto-filip-i-elizabeta-gi-pominaa-najsrekjnite-godini-od-zhivotot-kje-bide-pretvoren-vo-muzej-01.jpg

Во близина на главниот град на Малта, Валета, се наоѓа вилата Guardamangia, каде што принцот Филип и кралицата Елизабета ги поминаа најсреќните години од нивните животи.

Филип и Елизабета живееја во вилата неколку години, кратко откако стапија во брак. Сега, пак, во чест на Филип, вилата ќе биде реновирана и претворена во музеј.

domot-vo-malta-kade-shto-filip-i-elizabeta-gi-pominaa-najsrekjnite-godini-od-zhivotot-kje-bide-pretvoren-vo-muzej-03.jpg

domot-vo-malta-kade-shto-filip-i-elizabeta-gi-pominaa-najsrekjnite-godini-od-zhivotot-kje-bide-pretvoren-vo-muzej-04.jpg

Куќата е изградена во 18-иот век и денес е празна, но властите ќе ја реновираат и во неа ќе изложат експонати кои ќе ја претставуваат врската помеѓу Малта и Велика Британија.

domot-vo-malta-kade-shto-filip-i-elizabeta-gi-pominaa-najsrekjnite-godini-od-zhivotot-kje-bide-pretvoren-vo-muzej-05.jpg

Исто така, дел од ентериерот на првиот кат ќе биде уреден исто како што бил во периодот 1949-1951, кога Филип и Елизабета живееја таму.

domot-vo-malta-kade-shto-filip-i-elizabeta-gi-pominaa-najsrekjnite-godini-od-zhivotot-kje-bide-pretvoren-vo-muzej-07.jpg

domot-vo-malta-kade-shto-filip-i-elizabeta-gi-pominaa-najsrekjnite-godini-od-zhivotot-kje-bide-pretvoren-vo-muzej-08.jpg

Кралскиот пар се всели во куќата две години после нивната венчавка во 1947, пред Елизабета да седне на кралскиот трон. Токму поради ова, во Малта тие ја имаа единствената можност да уживаат во нормален живот, како „обичен“ брачен пар.

domot-vo-malta-kade-shto-filip-i-elizabeta-gi-pominaa-najsrekjnite-godini-od-zhivotot-kje-bide-pretvoren-vo-muzej-11.jpg

Овде Филип и Елизабета можеле да се забавуваат кога и да посакаат, да одат на пикник, слободно да шетаат, а наводно, Елизабета дури овде првпат отишла на фризер како секоја жена.

Додека идната кралица имала време за прошетки и пазарење како „најобична“ жена, тој период Филип беше дел од морнарицата – неговата кариера од соништата која мораше да ја напушти кога Елизабета го наследи тронот.

domot-vo-malta-kade-shto-filip-i-elizabeta-gi-pominaa-najsrekjnite-godini-od-zhivotot-kje-bide-pretvoren-vo-muzej-02.jpg

domot-vo-malta-kade-shto-filip-i-elizabeta-gi-pominaa-najsrekjnite-godini-od-zhivotot-kje-bide-pretvoren-vo-muzej-10.jpg

За властите и жителите на Малта, оваа вила е национално богатство и со задоволство ќе ја претворат во музеј во чест на Филип, бидејќи принцот често изјавуваше дека Малта има посебно место во неговото срце.

domot-vo-malta-kade-shto-filip-i-elizabeta-gi-pominaa-najsrekjnite-godini-od-zhivotot-kje-bide-pretvoren-vo-muzej-06.jpg

domot-vo-malta-kade-shto-filip-i-elizabeta-gi-pominaa-najsrekjnite-godini-od-zhivotot-kje-bide-pretvoren-vo-muzej-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg