Принцот Хари е копија на дедо Филип во младоста: „Тој беше главен скараџија со легендарен хумор“

Принцот Хари вчера упати мошне емотивна порака на социјалните мрежи со која се прости од неговиот дедо, Принцот Филип. Дополнително, во текот на викендот се појавија фотографии од Принцот Филип во младоста на кои се забележува огромната сличност помеѓу Принцот Хари и неговиот дедо.

Ogromna-slichnost-pomegju-princot-Hari-i-Filip-vo-mladosta-kako-Hari-se-prosti-od-dedo-mu-01.jpg

По смртта на принцот Филип кој почина минатата недела на возраст од 99 години голем број познати личности и поранешни соработници споделија фотографии од Филип на социјалните мрежи, со цел да искажат почит.

princ-hari.jpg

На една таква фотографија може да се забележи во колкава мера Принцот Хари потсетува на неговиот сега веќе покоен дедо.

Prince-Harry-Uniform-Pictures.jpg

Фотографијата беше споделена на Инстаграм од страна на кралскиот фотограф Крис Џексон, на која се гледа насловната страница на старо списание од 1957-та година.

View this post on Instagram

A post shared by Chris Jackson (@chrisjacksongetty)

Инаку се смета дека фотографијата на принцот Филип е колоризирана од црно-белиот оригинал, но тенот на Принцот Филип, бојата на очите и бојата на брадата се речиси исти со оние на Хари. Хари дури и сме имале можност да го видиме во истата униформа.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, речиси веднаш по Вилијам, принцот Хари на социјалните мрежи се прости со Принцот Филип. Неговата објава во голема мера се разликува од официјалниот говор на престолонаследникот Вилијам. Еве што напиша Хари:

„Дедо ми беше човек што служеше, чесен човек и со одлична смисла за хумор. Тој беше автентичен, мошне остроумен и можеше да го задржи вниманието кај сите благодарение на неговиот шарм – и заради тоа што никогаш не се знаеше што следно ќе каже.

Тој ќе биде запаметен како најдолгогодишен придружник на монархот, одликуван службеник, принц и војвода. Но, за мене, како и за сите вас што загубивте некој сакан или баба или дедо во болката од последната година, тој ми беше дедо; главен на скарата, со легендарен хумор и смел до „самиот крај“.

Тој беше главна потпора за нејзиното височество Кралицата со неспоредлива посветеност, беше покрај неа цели 73 години во брак и иако може да продолжам и натаму, знам што би ни рекол на сите нам, со пиво во раката: Ај продолжи понатаму!

Па затоа, дедо, ти благодарам за службата, за твојата посветеност кон баба ми и затоа што секогаш си бил тој што си. Многу ќе ни недостасуваш, но секогаш ќе те паметиме – и нацијата и  целиот свет. Меган, Арчи и јас (како и твојата идна внука) секогаш ќе имаме посебно место во нашите срца за тебе.

Per Mare, Per Terram“ (лат. На море и на копно – станува збор за латински израз што е прифатен од страна на кралските Маринци и означува борба на море и на копно).

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан... 22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога и...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Познати личности чии деца починале Сообраќајка, задушување, ретки болести, предозираност...Ова се само дел од причи...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg