Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојка ослепела по тетовирање на очите, но не се откажува: „Ме нарекуваат криминалец, но не ги осудувам“

Оваа „зависничка од тетоважи“ за медиумите открива дека си ги истетовирала очите, а потоа ослепела. Таа раскажува дека поради нејзиниот имиџ мошне често ѝ се случува луѓето да помислат дека е криминалец.

Zavisnicka-od-tetovazi-gi-istetovirala-ocite-i-oslepela-no-ne-se-otkazuva-Tetovazite-mi-pomognaa-da-stanam-posilna-licnost-01.jpg

Сара Сабат од Ел Пасо, Тексас открива дека нејзините обоени рожници „земале данок“, односно дека поради тетоважата ослепела, но како што вели, воопшто не жали за тоа, пренесува The Sun.

„Ми беше тешко да правам било што – не можев да гледам ТВ, не сакав да бидам изложена на силна светлина и не сакав да излегувам надвор. Бев многу, многу депримирана“ - вели таа.

Оваа 26-годишна девојка тврди дека ослепела поради тоа што човекот што ѝ ги тетовирал очите не ставил доволно солен раствор за време на процедурата, поради што не можела да гледа и да „прави било што“.

Како што напоменува, уметникот не го измерил точно растворот, па ставил премногу мастило, а недоволно солен раствор.

Сара побарала помош од специјалист кој ѝ препишал повеќе видови на капки, со чија што помош значително се подобрила состојбата, но вели дека „сè уште има проблеми“.

Девојката вели дека воопшто не жали и дека иако уметноста на нејзиното тело влијае врз нејзиното здравје, сепак „ја прави подобра личност“, со што многумина не би се сложиле и би го осудиле ова размислување.

Таа раскажува дека кога била помала била жртва на насилство во училиште затоа што била премногу „влакнеста“, па сакала да се покрие себеси во мастило:

„Моите тетоважи ми се важни затоа што ми помогнаа да станам посилна личност“ - вели таа.

Сара досега потрошила околу 3.000 до 4.000 долари на тетоважи, а има уште долг пат додека да ја постигне својата цел. Имено, таа сака да додаде уште „уметност“ на нејзиното лице и покрај здравствените проблеми со кои што се соочува.

На нејзиното лице таа досега има повеќе тетоважи. Како што појаснува сѐ почнало со мало срце до окото, а потоа додала голема тетоважа на челото, неколку дизајни на образите, како и на брадата и на очните капаци.

Покрај тоа, на носот има неколку пирсови, па како што напиша на Инстаграм, целокупниот изглед „прави да се чуствува како Принцеза Вонземјанин“.

За тоа како околината ги доживува нејзините трансформации, Сара вели дека често луѓето мислат дека таа е „необразована“ или дека е „криминалец“.

„Но, не ми пречи. Сите сме различни па нема да ги осудувам затоа што размислуваат така како што размислуваат. Нема секој храброст да се изрази себеси на начинот на кој што јас го правам тоа“ - вели таа.

На социјалните мрежи Сара веќе собрала околу 30.000 следбеници кои споделуваат модели од нејзините тетоважи.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg