Принцот Вилијам по смртта на Филип: „Среќен сум што го имав како пример во животот, ќе ми недостасува дедо ми“
- Детали
- понеделник, 12 април 2021
Престолонаследникот на британската круна, принцот Вилијам изрази почит за неговиот дедо Филип, кој почина на 99-годишна возраст.
На Инстаграм профилот на Кензингтонската палата, објавена е фотографија од принцот Филип и неговиот внук Вилијам кога бил дете, проследена со изјава изјава од принцот Вилијам.
За својот дедо, принцот Вилијам напиша:
„Животниот век на мојот дедо беше дефиниран со служба – за неговата Земја и за Комонвелтот, за неговата сопруга, Кралицата и за нашето семејство.
Се чувствувам среќен не само што го имав како пример да ме води, туку и неговото трајно присуство во мојот живот како возрасен човек – и во добрите времиња и во најтешките денови.
Секогаш ќе бидам благодарен што мојата сопруга имаше толку многу години да го запознае мојот дедо и за љубезноста што тој ѝ ја покажа. Никогаш нема да ги земам здраво за готово посебните спомени што моите деца секогаш ќе ги имаат за нивниот прадедо кој ги земаше во неговата кочија и тоа што имаа можност да ја видат неговата заразна желба за авантура и смелиот хумор!
Дедо ми беше извонреден човек и дел од извонредна генерација. Кетрин и јас ќе продолжиме да го правиме она што тој би сакал и ќе ја поддржуваме Кралицата во следните години. Ќе ми недостасува дедо ми, но знам дека тој би сакал да продолжиме со работата.“
Б. С. Б. | Црнобело