Бодибилдер е мета на критики – се пофали дека неговиот 8-месечен син има мал процент масти во телото

Твитерџија кој е опседнат со фитнес и здрава исхрана се најде на мета на критики откако се пофали дека неговиот 8-месечен син имал многу мал процент масти во телото, бидејќи со сопругата му давале само „здрава храна“.

bodibilder-se-najde-na-meta-na-kritiki-se-pofali-deka-negoviot-8-mesechen-sin-ima-mal-procent-masti-vo-teloto-01.jpg

Корисник на Твитер, познат како DrJrey, е фитнес фанатик со 10.000 следбеници на социјалната мрежа. Нo, бодибилдерот се најде на мета на критики откако сподели гордо дека неговиот син има мал процент масти во телото бидејќи со сопругата не му давале преработена храна.

Во објавата тој сподели и фотографија од него, сопругата и нивното дете.

„Нашиот 8-месечен син го храниме со непреработени јајца, непреработено овошје, непреработен зеленчук и вода. Најчесто ги блендираме зеленчукот и протеините, додека не може да џвака сам“.

Потоа, тој се фали дека неговиот син има многу малку масно ткиво во телото:

„Има малку масти бидејќи не јаде преработена храна. И, е многу згоден…“

https://twitter.com/RedemptiveKing/status/1378702600623824900

Но кратко по објавата, мажот беше остро критикуван од твитерџиите кои му нагласуваат дека тоа што му го први на детето не е воопшто здраво.

За бебињата е нормално да имаат повеќе масно ткиво од возрасен човек бидејќи им е од корист. Нив им треба многу енергија за развојот и зајакнувањето на нивниот имунитет, а поголемиот процент масти во телото им го овозможува токму тоа.

Поради ова, твитерџиите го „нападнаа“ таткото, стравувајќи дека е можно да му создадат проблеми со здравјето, а дел од коментарите гласат:

„Никој освен вас двајца не е горд што вашето бебе има малку масти. Тоа е бебе“.

„Честитки за вашето бебе кое нема масти. Навистина е ’нормално‘ да се фалите за тоа“.

„Ако го храните бебето само со ова што го наброја, се надевам дека ќе му кажете на педијатарот. Тој ќе ви објасни зошто правите грешка. Покрај тоа, да се фалиш дека бебето нема масти? Ужасно“.

„Мажов сигурно ги критикува другите бебиња кои изгледаат нормално“.

„На бебињата им требаат масти за нивниот развој, но очигледно на овие родители не им е јасно тоа“.

„Се прашувам колку нарушувања во исхраната ќе има ова дете до 10-годишна возраст“.

„Овој маж му ја пренесува својата несигурност за изгледот на детето. Бебињата треба да бидат дебелки и среќни!“

Што мислите вие за ова?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg