Бесценета реакција: 98-годишна жена првпат си го гледа синот по цела година во изолација (фото)
- Детали
- петок, 02 април 2021
98-годишната Јошиа престојува во дом за стари лица, а поради пандемијата, секојпат кога доаѓал син ѝ, можеле да се гледаат само преку прозорец. Откако и двајцата се вкацинирале, син ѝ добил дозвола да ја види во живо, а нејзината реакција кога го здогледува дефинитивно ќе ви го разубави денот.
Факт е дека пандемијата раздвои многу семејства. Огромен број луѓе речиси воопшто не ги посетуваат постарите членови од нивните семејства кои се сместени во домови, плашејќи се дека ќе им го пренесат вирусот. А, ако ги посетуваат, или носат заштитна опрема, или се гледаат преку прозорец.
Во ваква ситуација биле 98-годишната Јошиа и нејзиниот син Марк Уомото.
Јошиа е сместена во дом за стари лица во Сиетл и цела година го гледала нејзиниот син само преку прозорец. Сите луѓе кои престојауваат во домот цела година биле изолирани од надворешниот свет, за да ги заштитат од вирусот.
„Беше многу тешко. Таа беше многу изолирана. Кога се гледавме низ прозорецот и двајцата бевме среќни, но таа има проблеми со слухот, па едвај разговаравме“ - вели синот.
Но сега, откако сите кои престојуваат во домот биле вакцинирани, Јошиа и Марк конечно имале можност да се видат и да се прегрнат, а прекрасниот момент е овековечен со неколку емотивни фотографии.
Кога и Марк ја примил вакцината, му соопштиле дека е безбедно да ја посети мајка си, а тој решил да не ѝ кажува.
Вработените во домот само ѝ рекле на Јошиа да ги затвори очите бидејќи ја чека изненадување, а на фотките се гледа нејзината бесценета реакција кога го здогледува Марк.
„Беше прекрасно. Засекогаш ќе ја помнам нејзината реакција и колку беше среќна“.
Спирова С. | Црнобело