Учела англиски од радио, често трпи понижување – Фатима е првиот и единствениот женски туристички водич во Авганистан

Фатима е 22-годишна девојка од Авганистан која е првиот и единствениот женски туристички водич во нејзината држава и сега е на мисија да го промени тоа.

uchela-angliski-od-radio-chesto-trpi-ponizhuvanje-fatima-e-prviot-i-edinstveniot-zhenski-turistichki-vodich-vo-avganistan-01.jpg

Фатима, која го крие своето презиме од безбедносни причини, пораснала со седум браќа и сестри и е најмалото дете во семејството.

Во нејзиното село женските деца не оделе на училиште, но Фатима уште во детството сакала да се образува.

Нејзиното семејство чувало овци, па таа ги убедила родителите да ја пуштат на училиште ако успее да заработи нешто од овците.

Кога наполнила 9 години, Фатима и семејството се преселиле во Херат и таму стекнала минимално неформално образование.

Но, бидејќи морала да ѝ помага на мајка си низ домот, немала многу време за учење. Сепак, Фатима не се откажувала – кога немала пари за тетратки, пишувала во песок со стапче, а го изучила англискиот слушајќи радиопрограми на BBC.

Фатима воопшто не сонувала да стане туристички водич бидејќи не ни знаела дека постои таа професија, а пораснала во средина каде што речиси ниту една жена не одела на работа.

За CNN таа открива дека нејзините браќа и сестри биле принудени да стапат во брак, но таа одлучила дека нема да ја следи традицијата.

„Во тој момент сфатив дека морам и сакам да си најдам работа“.

uchela-angliski-od-radio-chesto-trpi-ponizhuvanje-fatima-e-prviot-i-edinstveniot-zhenski-turistichki-vodich-vo-avganistan-04.jpg

Најпрво Фатима сакала добро да го изучи англискиот, а си направила и Фејсбук профил. Кога сфатила дека нејзината држава е прикажана само како место со војни и страдање, почнала да пишува текстови за историјата на Авганистан.

Станала член на разни Фејсбук групи поврзани со историјата и редовно објавувала текстови, обидувајќи се да им покаже на странците дека Авганистан е прекрасна држава.

Фатима била изненадена од интересот за нејзините Фејсбук објави, а почнала да размислува да стане туристички водич во 2020-та, кога еден турист ја замолил да ѝ го покаже Херат.

Младата девојка со задоволство прифатила, а туристот бил толку задоволен од турата, што веднаш ја предложил на други луѓе.

Набрзо потоа за неа дознала туристичка агенција која нуди тури до потешко достапни места, па ја контактирале. Кон крајот на 2020-та тие ја вработиле, па Фатима станала единствениот женски туристички водич во Авганистан.

„Женските туристички водичи даваат потполно нова перспектива. Фатима е водич со многу знаење и со туристите го споделува нејзиното искуство како жена во Авганистан“, велат од агенцијата, нагласувајќи дека Фатима одлично си ја врши работата.

uchela-angliski-od-radio-chesto-trpi-ponizhuvanje-fatima-e-prviot-i-edinstveniot-zhenski-turistichki-vodich-vo-avganistan-02.jpg

Фатима вели дека нејзиното семејство, особено татко ѝ, негодувало што таа има работа. Наводно, тие сметале дека е опасно за жените да работат, особено ако треба да имаат интеракција со мажи.

Сепак, нејзината мајка ја поддржувала, а благодарение на храброста, и нејзините браќа и сестри се обидуваат да ги отфрлат застарените верувања.

Според ОН, само 19% од жените во Авганистан се вработени, па Фатима често се соочува со презир, па дури и навреди.

Таа открива дека многупати се случило децата да фрлаат со камења по неа, а луѓето да ѝ довикуваат сè и сешто додека шета туристи низ градот.

Но, поддршката од нејзините колеги и надредени, како и поддршката од туристите кои ги запознава, ѝ даваат сила да продолжи понатаму.

uchela-angliski-od-radio-chesto-trpi-ponizhuvanje-fatima-e-prviot-i-edinstveniot-zhenski-turistichki-vodich-vo-avganistan-03.jpg

Фатима сака да направи промена во нејзината држава и сериозно работи на тоа. Таа ги обучува нејзините внуки и внуци, ги учи англиски и им дава пари за училиштен прибор.

Фатима се потрудила сите деца на нејзините браќа и сестри да се запишат во училиште.

Младата девојка се надева дека ќе успее да отвори училиште за туристички водичи, во кое ќе можат да запишат и машки, и женски деца.

„Јас сум првата жена туристички водич во Авганистан, но не сакам да бидам и последна“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg