Девојка му прослави прв роденден на патот кој веќе 1 година стои недовршен – стана вирален хит
- Детали
- петок, 26 март 2021
Девојка со иронична шега ги натера надлежните да се ангажираат за да ја завршат реконструкцијата на улицата во нејзиното соседство. Изгледа вакви „роденденски прослави“ на незавршени проекти се потребни секаде...
Натали Накин Харви од Њу Орлеанс стана вирален хит со својот шеговит потег. Таа на ироничен начин ги потсети надлежните дека веќе цела година прават пат во нејзиното соседство и тој уште не е завршен.
За оваа пригода таа направи и торта и донесе балони.
Нејзините фотографии стана вирален хит, а луѓе од разни земји на светот се шегуваат дека тоа треба да го направат и тие во своите родни места. И нам добро би ни послужило вакво потсетување за одредени проекти конечно да бидат завршени, зарем не?
„Среќен прв роденден на нашата недовршена реконструкција на улица. Точно пред една година почнаа да ја копаат, а една година подоцна половина улица уште е непроодна, а минатата седмица имавме и огромна дупка. За да прославам јас креирав реплика на сцената од улицата во форма на торта. Ставив два слоја чоколадо плус путер од кикиритки.“
Интересно е што откако фотките на Натали станаа вирален хит, тие дојдоа и до надлежните во Њу Орлеанс кои изреагираа со објава дека ѝ благодарат на трпението и признаваат дека имале бројни одложувања во работата и дека посветено ќе работат проектот да биде завршен.
Изгледа ироничната шега на Натали навистина испадна добра идеја.
Happy first birthday to our street construction! It was one year ago this week when they first began to rip up our...
Posted by Natalie Naquin Harvey on Tuesday, March 16, 2021
С. С. | Црнобело