По низа земјотреси, во Исланд еруптираше вулкан кој бил неактивен 6.000 години (фото+видео)
- Детали
- вторник, 23 март 2021
После низа земјотреси, на 19-ти март еруптираше вулкан во Исланд кој бил неактивен дури 6.000 години. Вулканот познат како Fagradalsfjall се наоѓа на околу 30-тина километри од Рејкјавик, а според метеоролозите од Исланд, станува збор за мала ерупција, која не претставува опасност.
Во Исланд беа забележани неколку илјади земјотреси во многу краток период, кои предизвикаа ерупција на вулкан кој бил неактивен неверојатни 6.000 години. Вулканот е познат како Fagradalsfjall и се наоѓа на 30-тина километри од Рејкјавик.
Наводно ерупцијата може да трае уште неколку денови, па и месеци, а на социјалните мрежи веќе се споделуваат фотки и видеа од неверојатната глетка.
This is Fagradalsfjall. It's about 15 miles south of Reykjavik and just erupted. You can start practicing your pronunciation:
— RAGNAR ÆGIR / Music By Ragnar (@rfjolnisson) March 19, 2021
Foie-gras-thals-fiat-ill
Have fun#iceland #volcano pic.twitter.com/IYFHQMzWsx
Само во последните недела-две во Исланд беа регистрирани над 18.000 земјотреси, а експертите уште се обидуваат да ја одгатнат причината за ова. Наводно, бидејќи Исланд се наоѓа на неколку тектонски плочи, овде земјотресите се честа појава, но уште не е познато зошто периодов ги има уште повеќе.
The eruption is small and the volcanic activity has somewhat decreased since yesterday evening. The eruptive fissure is appr. 500 - 700 m long. The lava area is less than 1 km2. Lava fountains are small and lava flows are currently a very local hazard. #Reykjanes #eruption pic.twitter.com/2YsSbGtIuZ
-->— Veðurstofa Íslands / Icelandic Met Office (@Vedurstofan) March 20, 2021
Експертите внимателно ја набљудуваат ерупцијата и сметаат дека не претставува никаква закана, па слободно можеме да уживаме во надреалната глетка што ја приредува.
Во продолжение дел од најдобрите фотки и видеа од ерупцијата:
https://www.instagram.com/p/CMp1jlxh6mT/
https://www.instagram.com/p/CMpFJAmAgSw/