Финска повторно е најсреќната држава во светот, Македонија падна за неколку места вo споредба со лани

Деновиве беше објавен најновиот извештај од страна на World Happiness Report, во кој државите ширум светот се оценуваат според неколку критериуми, со цел да се открие во која живеат најсреќните жители. Новиот извештај користи податоци од 2020-та година.

finska-povtorno-e-najsrekjnata-drzhava-vo-svetot-makedonija-padna-za-nekolku-mesta-vo-sporedba-so-lani01.jpg

Како што нагласуваат од World Happiness Report, овогодишниот извештај е поразличен од кој било. На тимот кој стои зад извештајот му било особено тешко да ги прави анкетите поради пандемијата, а од истата причина, голем број држави се спуштија неколку места подолу на листата.

Исто како и претходната година, Финска повторно важи за најсреќната држава во светот. Македонија, од друга страна, се спуштила за неколку места. Односно, според извештаите од минатата година, Македонија се наоѓаше на 66-то место, а во најновиот извештај – на 75-то место.

finska-povtorno-e-najsrekjnata-drzhava-vo-svetot-makedonija-padna-za-nekolku-mesta-vo-sporedba-so-lani-01.jpg

На сајтот е објавен и индекс на среќа во периодот 2018-2020, а овде имаме уште полоша положба. Од сите држави во светот, Македонија се наоѓа на 94-тото место.

finska-povtorno-e-najsrekjnata-drzhava-vo-svetot-makedonija-padna-za-nekolku-mesta-vo-sporedba-so-lani02.jpg

20-те најсреќни држави според најновиот извештај на World Happiness Report:

1. Финска

2. Исланд

3. Данска

4. Швајцарија

5. Холандија

6. Шведска

7. Германија

8. Норвешка

9. Нов Зеланд

10. Австрија

11. Израел

12. Австралија

13. Ирска

14. САД

15. Канада

16. Чешка

17. Белгија

18. Велика Британија

19. Кина

20. Франција

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg