14 години по средношколската врска пак се сретнале - за 2 години се свршија и добија две бебиња
- Детали
- понеделник, 08 март 2021
Скот и Рејчел се разделиле на 16-годишна возраст, а откако ја обновиле љубовната врска во 2019, во само две години им се случило сѐ што некогаш си посакувале.
Скот Гретон (33) и Рејчел Тејлор (32) од Велика Британија биле пар во средно училиште, а својата љубовна врска ја обновиле 14 години по разделбата, односно во 2019 година.
Оттогаш им следуваат две интензивни години и тоа со вселување заедно, свршувачка и две бебиња. Децата им се разлика само 11 месеци, а второто го добиле на 24-ти февруари годинава.
Скот ја запросил Рејчел со зборовите „Мамо ќе се омажиш ли за тато?“ испишани на шпилхозните на нивното постаро синче, само 24 часа по неговото раѓање.
Парот вели дека имал луди две години и се шегуваат дека карантинот го искористиле продуктивно и добиле две бебиња. Инаку, Скот и Рејчел биле во врска во средно училиште и се разделиле на 16-годишна возраст.
„Кога го замислував моето семејство во мојата глава токму вака го замислував, па не можам да бидам посреќна“, вели Рејчел.
Фотки од семејството:
С. С. | Црнобело