„Станав мета на онлајн критики, поради фотка на која вечерав дома со длабоко деколте“
- Детали
- сабота, 06 март 2021
„Отсекогаш ме учеа дека жените треба да ги поддржуваат жените и кога ги видов овие ужасни коментари од жени едноставно се срушив“, вели 20-годишната Емили.
Емили Хоторн (20) е модел од Шкотска и девојка која сака да стане инфлуенсерка на Инстаграм. Досега има 10.000 следбеници, а веќе соработува со некои брендови и локали.
Така неодамна таа рекламираше еден јапонски ресторан од кој добила суши со достава до дома.
За вечерата Емили облекла црн фустан со длабоко деколте и фотографија од себе со храната прикачила на својот Инстаграм профил.
Но станала мета на критки и вели дека од сите отровни зборови упатени кон неа дури добила паничен напад.
Емили вели дека во тие мигови сакала едноставно да исчезне и не можела да верува како жени можат да бидат толку злобни кон друга жена.
„Отсекогаш ме учеа дека жените треба да ги поддржуваат жените и кога ги видов овие ужасни коментари од жени едноставно се срушив“, вели Емили која открива дека и во училиште била задевана до таа фаза што била депримирана и вознемирена екстремно, па дури и сакала да си наштети себеси.
Мислела дека задевањето завршило со крајот на училиштето, но сега се префрлило онлајн.
„Порано се чувствував осамено и безначајно кога ме задеваа во училиште, но сега имам прекрасни пријатели и луѓе кои ме поддржуваат во животот и затоа знам дека вредам. Секогаш ќе сјаам посилно од луѓето кои се обидуваат да ме соборат и ќе ги охрабрувам другите да бидат најдобрата верзија од себеси.“