Пар бездомници, по 24 години љубов, добија изненадување организација на свадба
- Детали
- петок, 26 февруари 2021
Нивната љубовна приказна и тоа што се повеќе од 2 децении заедно го трогнало локалниот фризер и тој со помош на своите пријатели им приредил спектакуларно изненадување.
Розалин Ферер (50) и Ромел Баско (55) од Филипини се заедно 24 години. Тие живеат како бездомници и секој ден им е борба за да се прехранат себе и своите 6 деца.
Иако се половина живот заедно, тие не можат да си дозволат да си направат свадба затоа што секој ден главна преокупација им е дали ќе донесат храна на трпезата.
Ричард Страндз е сопственик на фризерски салон кој се наоѓа во близина на местото кое овој пар си го нарекува дом. Тој ги запознал додека собирале пластика за да ја продадат и да заработат пари за храна.
Потоа, зборувал со своите пријатели и им организирал свадбен пакет затоа што го трогнала нивната љубовна приказна.
За почеток им купил венчаница и костим, во кој изгледаат неверојатно, особено невестата, им помогнал во вадењето на потребните документи за да можат да склучат граѓански брак, а сега ќе ја финансира и нивната свадбена церемонија во црква откако сѐ ќе се среди.
Нивната свадбена фотосесија била направена на 13-ти февруари.
„Некогаш сонував за бела венчаница, но тоа беше кога бев мало девојче. Потоа ми исчезна од умот и тоа многу одамна. Никогаш немавме доволно пари. Сега сум благословена што се случи. Многу сум благодарна“, изјави Розалин.
С. С. | Црнобело