Како изгледа денес најдебелото дете во светот, откако ослабе повеќе од 100 килограми?
- Детали
- четврток, 25 февруари 2021
До пред неколку години момчето тежело 193 килограми, а денес има 110 килограми помалку.
Арја Пермана има 14 години и живее во Индонезија, а на негова 11-годишна возраст беше прогласен за најдебелото дете во светот со неверојатни 193 килограми.
Само 3 години подоцна, но со сериозна животна промена, детенцето денес има 83 килограми.
Изминатите 3 години се храни далеку поздраво, редовно оди на лекарски прегледи и посетува нутриционист, редовно пешачи, вежба и спортува, што претходно било невозможно.
Сепак, неопходни биле и неколку естетски корекции за отстранување на вишокот кожа на стомакот, рацете и нозете, а имал и операција на желудникот.
Арја бил роден со нормална тежина од 3,8 килограми, но во 4-тата година започнал неконтролирано да се дебелее.
Деновите ги поминувал консумирајќи огромна количиња брза храна и разладувајќи се во малечок базен во близина. Поради нездравата килажа, не можел да оди на училиште, бидејќи секое движење му било тешко.
Сега, тренерот со гордост ја покажува неговата истрајност и трансформација:
М. Д. | Црнобело