„Зошто сака да личи на невеста на свадбата на синот?“ – жена стана мета на критики
- Детали
- петок, 19 февруари 2021
Една жена се најде на мета на критики од јавноста, бидејќи на венчавката на нејзиниот син облекла фустан речиси идентичен на венчаницата на невестата.
Една жена, која наводно е од Јужна Америка, се најде на мета на критики откако на Фејсбук група беше споделена фотка од венчавката на нејзиниот син. Лицата на фотографираните луѓе се скриени, но добро се гледа дека невестата и уште една жена, која е мајка на момчето, носат речиси идентичен фустан.
Фотографијата беше споделена во Фејсбук групата That’s It, I’m Wedding Shaming, каде што корисниците споделуваат бизарни моменти од венчавки, како овој.
Според жената што ја споделила фотографијата, таа била објавена во локален весник пред да „стигне“ до Фесјбук.
Во средината на фотографијата стои момчето, десно од него е неговата невеста, а лево стои мајка му со бел фустан кој премногу наликува на венчаница. Личноста што ја споделила фотографијата вели дека до невестата стои нејзината мајка, и било повеќе од очигледно дека не ѝ се допаѓа целата ситуација.
„Оваа фотографија беше објавена во локален весник, каде што богатите сакаат да се фалат со нивните скапи забави. Во весникот се објавени и имињата на младоженците и мајката“, пишува жената што ја споделила фотографијата.
Нормално, сите што ја виделе фотографијата ја критикувале мајката на момчето:
„Ако тоа беше моја свадба, ќе ја избркав“.
„Еве како индиректно да кажете некому дека го мразите“.
„Помислив дека станува збор за двојна венчавка, а кога прочитав што се случува, не можев да сфатам која жена е невестата“.
„Дали и на другите ви е морничава целата ситуација? Зошто да носиш венчаница на свадбата на син ти, освен ако не посакуваш ти да си невестата?“
„Зошто да сакаш да изгледаш како невестата на твојот син? Ова е грозно и одвратно“.
Прочитајте и „Мислев свекрвата е невеста“ - мајка на младоженец стана мета на онлајн критики
Спирова С. | Црнобело